×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жителите на Бедиње, Режановце и Лопате бараат тротоар

    26.07.2019 09:46 | KumanovoNews

      Жителите од населбите покрај регионалниот пат Куманово - Липково бараат пешачка патека.

    Жителите на Бедиње, Режановце и Лопате бараат тротоар

    Мештаните од Бедиње, Лопате и Режановце се жалат дека им е загрозена безбедноста, бидејќи патот е многу фреквентен, а нема уреден простор ни патека каде да се движат пешаците и велосипедистите. Тие се разочарани што со неодамнешната реконструкција не била предвидена изградба на тротоар.

    „Премногу сме загрижени, станува збор за густо населени места каде нема тротоар и постојано ни е страв дека нашите деца ќе настрадаат. Ние искрено апелираме до надлежните да го разгледаат овој проблем и што поскоро да го решат“,- изјави М.В. од Режановце.

    Од селото Лопате велат дека поради немање на тротоар се случуваат несреќи и со фатални последици.

    “Секоја година има по три-четири несреќи, ги удираат пешаците или велосипедистите. А нема каде луѓето да одат. Секој ден децата за на училиште тука поминуваат. Да има тротоар ќе се движат по него. Овде вози кој колку сака 90/100 км/час, не почитува брзина, а патот е тесен. Нема полиција да ги казни“, - вели Селвет Фазлија од Лопате.  

      Од Општина Куманово жалат што досега не се изградени тротоари во населбите на патот кон Липково, и велат дека планираат тоа да го сторат само не знаат кога.

    „Во овој дел на градот ја имаме една од најстарите населби каде се наоѓаат и најголемите фабрики. Но, за жал до ден ден денешен се` уште нема изградено тротоар, иако тука повеќе од четириесет години поминуваат илјадници вработени во фабриката ФЗЦ „11 Октомври“  Куманово. Во следниот период во рамките на своите финансиски можности Општината планира изградба на тротоари, а воедно ќе побара и помош од стопанските субјекти кои се наоѓаат во тој дел на градот“, - велат надлежните од Општината во Куманово.