Киселото млеко на “Бучен Козјак“ најквалитетно во Македонија Кумановската млекарница “Бучен Козјак“ е најквалитетен производител на кисело млеко во државата, покажале резултатите од маркетиншкото истражување на Медалот за квалитет спроведено од швајцарската организација за сертификација ICERTIAS.
Меморијална вечер за “Виолета Деур“ Здружението на жени “Нада Михајлова“ и литературениот клуб “Обденица“ организира меморијална вечер за нивната некогашна членка “Виолета Деур“.
Во Шупли Камен најдена стара граната Артилериска граната, која најверојатно потекнува од Втората Светска Војна, вчера е најдена во нива во селото Шупли Камен.
Куманово го слави Денот на македонската револуционерната борба Денеска се слави Денот на македонската револуционерна борба, 23 Oктомври, ден кога пред точно 121 години во Солун е основана Внатрешната Македонска Револуционерна Организација.
ВМРО-НП со честитка за Денот на македонската револуционерна борба Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија им го честита големиот државен празник, 23-ти октомври - Денот на македонската револуционерна борба на своите членови, симпатизери и сите граѓани на Куманово.
Подрачното министерство за земјоделство ќе се сели? Подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се пресели во нов објект, бидејќи сегашниот не ги задоволува просторните и технички услови за работа.
Божиновски осуден на 6 месеци затвор и пуштен од притвор Виктор Божиновски, раководител во секторот за правни работи во Општина Куманово, денеска во Основниот суд Скопје 1 - Скопје, осуден е на 6 месеци затвор за сторено кривично дело посредување за примање награда за противзаконито влијание.
СДСМ: Власта го присвојува Денот на македонската револуционерна борба Од СДСМ денеска на прес - конференција ја обвинија власта го присвојува денот на кој е основана Македонската револуционерна организација.
Ќе се ловат пушачите во угостителските објекти Државниот пазарен инспекторат во наредниот период ќе ги засили контролите во дискотеките и другите затворени угостителски објекти за да провери дали се почитува Законот за заштита од пушење.
Кумановската библиотека побогата со англиска литература Во Градската библиотека “Тане Георгиевски“ отворен е англиски ресурсен центар, проект кој го реализира општината и Мировен корпус.
Лојане повторно врие од мигранти Над 500 мигранти од Сирија, Авганистан, Сомалија и Пакистан деновиве престојуваат во липковското село Лојане.
Прва самостојна изложба на Мухамед Идризи Во Уметничка галерија во петок во 19.30 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на академскиот сликар Мухамед Идризи.
Во недела стартува зимското сметање на времето Во сабота спроти недела стрелките на часовникот ќе треба да се поместат за еден час назад, со што ќе почне зимското сметање на времето.
Се гради канализациона мрежа во Матејче Во липковското село Матејче, се гради канализациона мрежа со сретства собрени од самопридонес на жителите.
Кумановските ликовни уметници да пријават дела за изложба Од Уметничка галерија Куманово, ги повикуваат академските ликовни уметници од Куманово, до 1 ноември да се пријават за учество на изложбата “Кумановски ликовни уметници 2014“.
Промовирани два проекти за рурален развој Два проекти за рурален развој на североистичниот регион денеска беа промовирани во Куманово.