Одбележан Денот на независноста во Куманово Со положување на свежо цвеќе пред споменикот Жена борец на плоштадот денеска во Куманово беше одбележан 8 септември - Денот на независноста на Македонија.
Наврнаа уште 4 литри дожд на квадрат Во последните 24 часа во Куманово наврнаа 4 литри дожд на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
ЛИДЕР ќе го развива кумановскиот микро-регион Преставници од кумановски микро-регион ќе формираат локална акциска група, која ќе аплицира со проекти за добивање на средства од европската ЛИДЕР програма.
Се одложува “Рома труба фест“ Поради лошите временски услови, наместо вечерва, “Рома труба фест“ ќе се одржи во среда на 10 септември.
КУД “Панче Пешев“ врши упис на нови членови Културно - уметничкото друштво “Панче Пешев“ започна со редовните годишни уписи.
Градинката и училиште ќе работат на ран детски развој Градинката „Анѓел Шајче“ и основното училиште „11 октомври“ се единствените воспитно - образовни иституции во градот кои ги спроведуваат програмите за ран детсти развој.
Изложба на Валентина Илијевска во Кратово Во Музеј на град Кратово, утре во 12.30 часот ќе биде отворена самостојната изложба на графики на Валентина Илијевска.
АМСМ: Внимателно возење по влажни коловози Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози поради врнежите од дожд.
Денот на независноста неработен за сите граѓани Понеделник - 8 септември е неработен ден за сите граѓани.
Познати победниците на конкурсот за есеи на “Корени“ Познати се имињата на победниците на 9 - от по ред конкурс “Мартовски есеи“ кој го распишува списанието “Корени“.
100 евра за подготовка на прваче За да се подготви прваче на училиште ќе треба околу 6000 денари. Средствата се потребни пред се за ранец и училишен прибор, како и облека за првиот училишен ден.
ВМРО - ДПМНЕ организира курс по англиски јазик Петстотини граѓани од Куманово ќе го изучуваат англискиот јазик на бесплатните курсеви кои ги организира ВМРО - ДПМНЕ.
“Рома труба фест“ по девети пат На Градскиот плоштад Куманово во четврток во 19 часот ќе се одржи “Рома труба фест 2014“.
Советнички прашања на седница на совет Утре ќе се одржи дваесет и петтата седница на Советот на општина Куманово, на која градоначалникот, директорите на јавните претпријатија и раководителите на сектори во локалната самоуправа, ќе одговараат на прашања на советниците.
Контрола во 26 складови со дрва Во полициската акција “Гора“, која се спроведува од крајот на јуни досега, направени се контроли во 26 складови за дрва во Куманово.
Пуштено во употреба реновираното „Браќа Миладиновци“ Реновирана е фасадата, прозорците и внатрешната столарија на основното училиште “Браќа Миладиновци“ со 200.000 евра од Централна европска банка.