Две работилници посветени на развој на регионот Две работилници за развој на североисточниот плански регион ќе се оддржат утре и задутре во “Рим Пазиз“ со почеток во 10.30 часот во организација на Центар за развој на североисточен плански регион и ГИЗ РЕД.
Уште три деца заболени од жолтица Три деца од населба Бабин Дол на возраст од 12 и 13 години минатата недела заболеле од жолтица.
Казнети возачи заради брзо возење 18 возачи на автомобили на подрачје на Куманово се казнети поради брзо возење во сообраќајната контрола пријавена од граѓаните.
Обука за јавни набавки во општина Старо Нагоричане Во просториите на општина Старо Нагоричане, викендов се одржа првата интерна обука на тема “Запознавање со Законот за јавни набавки и насоки за правила примена“, која ја водеше Горан Доневски, службено лице за јавни набавки во општината.
Средношколци можат да аплицираат за американско училиште На 3 октомври во основното училиште “Кочо Рацин“ ќе се врши пријавување и тестирање на ученици за младинска размена во американски семејства, стои на интернет страната на Министерството за образование.
Струја утепа рибар Ивица С.(49) од Куманово, попладнево е пронајден мртов на брегот на реката Којнарка, во близина на Мај Маркет.
Децата без родители чекаат згрижувачи Стручни лица од Центарот за социјални работи Куманово денеска одржаа трибина на која објаснија кои се критериумите за згрижување на деца и поддршката која државата ја нуди за нив.
Премиера на “Вечера со глупаци“ Претставата “Вечера за глупаци“ од Францис Вебер во режија на Димитар Еленов од Бугарија, на албански јазик, премиерно ќе биде прикажана во кумановскиот театар.
Реновирани тоалетите во училиштето “Христијан Карпош“ Во основното училиште “Христијан Карпош“ целосно се уредени и опремени санитарните јазли.
Регионална дирекција на УЈП со ново работно време Од 1 октомври, Регионална дирекција на УЈП Штип ќе работи со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота.
Ветераните со хуманитарна акција за загрозените семејства Здружение на армиски и полициски ветерани организира хуманитарна акција која почнува денеска и ќе трае до 25 септември, за помош на загрозените семејства од Куманово и околината.
“Српско народно движење 1389“ организира крводарителска акција “Српско народно движење 1389 Македонија“, утре организира крводарителска акција во просториите на Црвен Крст Куманово.
“Талија“ откорна дрвја и поплави подруми Невремето проследено со врнежи и ветер што викендов го зафати Куманово, откорна повеќе дрвја во градот и поплави подруми во повеќе стамбени згради.
Трибина за згрижувачки семејства Трибина за згрижувачки семејства ќе се одржи во кружната сала на Kомитет во понеделник во 12 часот.
Затворен добиточниот пазар во Куманово Добиточниот пазар во селото Долно Којнаре утре нема да работи и нема да се врши продажба на крупен и ситен добиток.