На Табановце откриени 10 грама марихуана При контрола на автомобил со германски регистарски таблички, кој го управувал грчки државјанин, на граничниот премин Табановце автопат на излез од државата откриени се 10 грама марихуана.
Матичните лекари во петок нема да издаваат упати И кумановските матични лекари во петок ќе протестираат од 9 до 11 часот и на пациентите нема да им издаваат електронски упати, но ќе вршат прегледи и ќе пишуваат рецепти.
Хуманитарна забава „Подај рака„ со Руле Турс „Руле Турс„ организира хуманитарен концерт за потребите на штитениците во „Порака наша„.
УМС на ВМРО - ДПМНЕ ги слушна идеите на кумановци Членови на Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ Куманово вчера разговараа со случајните минувачи и собираа идеи за решавање на предизвиците со кои се соочува државата.
Денот без автомобили кај нас никој не го ферма 22 септември се одбележува како Меѓународен ден без автомобили.
Се одбележува Неделата за промоција на хумани вредности Црвен Крст Куманово, во сабота во 12 часот, на Градскиот плоштад ќе организира танц “флеш моб“.
Пензионерите на Охридски староградски средби Хорот на Здружение на пензионери Куманово во петок ќе настапи во ревијалниот дел на Охридски староградски средби.
Трибина за потребата од осигурување на земјоделско земјиште Во село Младо Нагоричане вечерва во 19 часот ќе се одржи трибина за осигурување на земјоделско земјиште, организирана од Агенција за развој на земјоделството.
Поднесени над 4000 барања за отпис на долгови Во Центарот за социјални работи Куманово досега се поднесени 4340 барања за отпис на долгови.
СДММ засадија дрвца на мирот По повод 21 септември - Светскиот ден на мирот, младите од СДСМ денеска засадија дрвца во дворот на основното училиште “Христијан Карпош“ во населба Перо Чичо.
Уличен тениски фестивал во Куманово Уличен тениски фестивал денеска се одржа на Градскиот плоштад во организација на техниски клуб „Куманово 2010“ и „Ротари“ клуб.
Екипи од цела Македонија се натпреваруваат во прва помош Вкупно 25 екипи од земјава денеска во Куманово се натпреваруваат во прва помош во рамки на 23 - oт државниот натпревар организиран од Црвен Крст на Македонија.
Отворена изложбата „Скици 2014“ Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена изложбата на цртежи “Скици 2014“.
Интернационална акција “Засади дрво за мир 2014„ По повод Светскиот ден на мирот на Обединетите нации - 21 септември, во понеделник, 22 септември ќе се организира интернационална акција “Засади дрво за мир 2014“.
Со норвешка помош обука на возрасни Средното земјоделско училиште “Киро Бурназ“ преку четиригодишен проект “Чекор напред за подобра економија“ се оспособи за стручно образование на возрасни.