Учителки и наставнички на шестдневна осмомартовска прослава, наставата со замена и скратени часови, родителите лути Учителки и наставнички од основно училиште во Куманово, во четвртокот / 7 март/ заминале на шестдневно патување на Осми март, поради што учениците имаат скратени часови, се спојуваат по две одделенија или наставата ја изведуваат други вработени.
Лани не е реализиран ниту еден капитален проект во Куманово, кажа советникот Андоновски по извештајот на секторот за комунални дејности Извештајот за извршување на Програмата за комунални дејности на Општина Куманово за 2023 година покажал дека во општина Куманово во текот на минатата година не е релизиран ниту еден капитален проект, кој е од суштинско значење за градот.
Петмина осомничени, со фалсификувани евра пазареле во Куманово Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово поведе постапка против пет лица, од кои две се осомничени дека сториле продолжено кривично дело – Фалсификување пари додека останатите со умисла им помогнале да го извршат делото, соопштија од Јавното обвинителство (ЈО).
Во управните служби ќе се воведе систем „Земи бројче“, за да се намалат турканиците при вадење на лични документи Во просториите на Отсекот за управни работи - Куманово вчера беше тестиран системот "Земи бројче", за да се намалат турканиците на шалтерите за вадење на лични документи.
Со народни песни и игри одбележан 8 Mарт на Градскиот плоштад во Куманово Под мотото „Празниците зближуваат“ денеска на Градскиот плоштад во Куманово се одржа свеченост по повод Денот на жената на која учествуваа ученици од основните училишта Браќа Миладиновци, Вук Караџиќ, Магдалена Антова, Толи Зордумис, Христијан Карпош и Бајрам Шабани.
Станарите ги расчистуваат подрумите на „Тоде Думба“, причините за пожарот се утврдуваат Жителите на улица „Тоде Думба“ во влезот 68/2 денеска ги чистеа подруми, кои завчера беа зафатени од голем пожар.
Уапсен кумановец кој крадел по автомобили и на приватен имот Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода А.Ф.(45) од Куманово.
Обвинение против Димитриевски за злоупотреба на службената положба Основното јавно обвинителство Куманово поднесе обвинение против градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба.
Македонски државјанин пукал во жена, па извршил самоубиство на наплатната рампа Прешево Обид за убиство и самоубиство се случило вечерва во близина на наплатната рампа Прешево, во Република Србија.
(ВИДЕО) Протест на жителите на Режановце, бараат помала стрмност и прегледна кривина на патот до селото Жителите на кумановското село Режановце денеска ја блокираа изградбата на железничката пруга Куманово - Бељаковце, незадоволни од проектното решение врз основа на кое гради патот и надвозникот над пругата во нивното село.
(ВИДЕО) На градскиот плоштад ученици подаруваа цвеќе кое самите го одгледале Ученици од прво до петто одделение од скоро сите основни училишта во Куманово, денеска подаруваа цвеќиња на дамите кои поминуваа на Градскиот плоштад во Куманово.
Хуманитарен базар во Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово Учениците од училишниот клуб на Црвен крст при Гимназија „Гоце Делчев“ денеска организираа хуманитарен базар во холот на гимназијата.
Се запалил подрум во зграда на „Тоде Думба“ Во пожар синоќа изгореле подрумски простории во зграда на ул. „Тоде Думба“ во Куманово.
Дваесетина погони за чевли се затворени во последните две години во Куманово Над 20 мали фабрики за производство на чевли се затвориле во последните две години во Куманово, поради тешката економска состојба во државата.
Двајца кумановци измамени со фалсификувани банкноти од 100 евра Двајца граѓани на Куманово вчера во полицијата пријавиле дека замениле банкноти од 100 евра, кои биле лажни.
Се реконструира улицата „300“ во Ајдучка чешма, ќе чини 180.000 евра Започна реконструкцијата на улицата „300“ во населбата Ајдучка чешма, која ќе чини 180 илјади евра, средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски.