Околу 75 илјади евра ќе добие Центарот за култура за проекти во 2024 година Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе добие 4,6 милиони денари или 75 илјади евра поддршка од Mинистерство за култура за реализација на проекти од национален интерес.
Максим Димитриевски собрал 10.000 потписи за кандидат за претседател Градоначалникот на Куманово и претседател на „ЗНАМ“, Максим Димитриевски собрал 10.000 потписи за кандидат за претседател.
Владата донесе одлука за приоритетно издавање на пасоши на професионални возачи На денешната седница Владата донесе одлука за воспоставување на брза лента за издавање на патни документи за сите професионални возачи.
За неполни два месеци 92 пожари во Кумановско Територијалната против пожарна единица (ТПЕК) Куманово, од почетокот на годината има полни раце работа, бидејќи само во фебруари се изгаснати 59 пожари.
Корекција на хонорарите за функционерите на Здружението на пензионери Куманово предлага Извршниот одбор, одлуката ќе ја донесе Собранието Собранието на Здружението на пензионери Куманово во четврток ќе одлучува дали ќе се зголемат хонорарите на функционерите на Здружението на пензионери Куманово, откако Извршниот одбор доставил предлог-одлука за корекција на месечниот надомест.
Нападнат вработен во Отсекот за управни работи Куманово Жител на Табановце физички нападнал вработен во просториите на Отсекот за управни работи Куманово, каде што се изваат личните документи.
Малолетници одзеле паричник на 84-годишна кумановка Осумдесет и четиригодишна кумановка останала без својот паричник откако ја нападнале двајца малолетници.
Потврдена голема кашлица кај 40-годишен жител на Крива Паланка Четириесет годишен маж од Крива Паланка е петиот регистриран случај на голема кашлица, во Североисточниот регион.
Се намалуваат цените на бензинот и дизелот За половина денар се намалуваат цените на Еуросупер 95 и дизел горивото, за еден денар поевтинува Еуросупер 98, а Екстра лесното масло за горење се намалува за дена и половина.
Казнети 118 возачи изминатиот викенд во Куманово Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи. Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 118 возачи.
Промовиран романот „Тајните на рајските документи“ од Бранислав Коциќ Во просториите на Еуро Колеџ во Куманово викендов беше промовиран романот „Тајните на рајските документи“ од авторот Бранислав Коциќ од Лесковац.
Гладно поље 20 години нема ниту една асфалтирана улица, жителите газат кал и дишат прашина (видео) Жителите на новата населба т.н. Гладно поље во Куманово реагираат што и по дводецениско урбанизирање на земјиштето се уште немаат улици и инфраструктура, туку пат кој личи на селски макадам.
Уметнички фотографии на кумановски автори на изложба во Марибор Фото кино клубот „Козјак“ од Куманово учествувал на изложба на фотографии што одржала во Музејот на фотографија во Марибор, Словенија.
Неексплодирана граната пронајдена во Бедиње Стара минофрлачка граната калибар 120 мм, вчера била пронајдена во населбата Бедиње.
Ќе се реконструира филтер станицата на ЈП „Водовод“, проект вреден 1,3 милиони евра По 65 - години откако е изградена за првпат ќе се реконструира Фабриката за преработка на вода, која работи во состав на ЈП „Водовод“ во Куманово.