Осум ипол години затвор оти ја икасапил сопругата Мартин Додевски (29) од Ајдучка Чешма, во Основниот суд Куманово, осуден е на 8,5 години затвор затоа што лани се обидел да ги убие неговата сопруга и нејзината мајка.
Формиран нов книжевен клуб во Куманово Од неодамна во Куманово е формиран клуб на книжевни творци “Симбиоза“ чиј претседател е поетесата Верица Петровска.
ОИК: Избирачките одбори не добија пари за ланските избори Само членовите на Општинската изборна комисија и 4 избирачки одбори од вкупно 128 во Општина Куманово, добиле дневници за минатогодишните локални избори.
ЦСПР ќе соработува со бугaрски невалaдини организации Членови на бугарски невладини организации заедно со претставник на Центар за меѓукултурен дијалог денеска го посетија Центарот за развој на североисточен плански регион.
Со “Просидба“ ќе се одбележи Светскиот ден на театарот Со изведба на претставата “Просидба“ од Чехов, во режија на Кети Дончевска Илиќ во кумановскиот театар вечерва ќе биде одбележан Светскиот ден на театарот.
Канцеларија за рурален развој во Младо Нагоричане Во амбулантата во с.Младо Нагоричане од пред две недели функционира канцеларија на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.
14 месеци затвор за бившиот градоначалник што прегази пешак На 14 месеци затвор е осуден поранешниот градоначалник на Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ, затоа што пред две години со службениот автомобил го прегазил пешакот Срѓан Лазаревски (31) од селото Орашац.
Се опремуваат новите избирачки места Државната изборна комисија интензивно работи на создавање услови на 39-те нови избирачки места во Куманово, каде граѓаните ќе гласаат на престојните претседателски и парлементарни избори.
Промовирана книгата “Антика во североисточна Македонија“ Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ денеска беше промовирана книгата “Антика во североисточна Македонија“ од авторот Звонимир Николовски.
Граѓаните кои нема да се пререгистрираат во ФЗО ќе плаќаат преглед Невработените лица што нема да се пререгистрираат во Фондот за здравствено осигурување до 1 април ќе ги плаќаат прегледите кај матичните лекари.
Планинарите ќе се искачуваат на Китка Здружението за планинарење и заштита на планината “Козјак 2013“ во недела организира планинарење од Меморијален центар АСНОМ во Пелинце до врвот Китка висок 1211 м на планина Козјак.
Од недела летно сметање на времето Во недела, почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот во два часот наутро ќе се поместат за еден час на напред.
“Наце Буѓони“ на регионален натпревар во Штип Ученици од техничкото училиште “Наце Буѓони“ во сабота ќе учествуваат на регионален натпревар во Штип каде ќе се натпреваруваат во областа на стручните предмети.
Дечиња во посета на Пречистителната станица Дечиња од големата група од градинката Славејче, денеска ја посетија Пречистителната станица во селото Добрешане, каде се запознаа со процесот на пречистување на отпадните води.
Рак на дојка се почесто кај младите жени Ракот на дојка се почесто се дијагностицира кај жени на возраст од 35 до 40 години, тврдат лекарите.