Да не се палат бадникови огнови тоа не верски обичај Палењето на бадниковиот оган не е дел од православната вера, туку е паганска традиција останата во народните обичаи. Со години свештениците апелираат да се прекине со практикување на овој обичај, кој се коси со правилата на црквата.
Еден милион евра за одржување на зеленило, чистење и обележување на улиците во Куманово Околу 1 милион евра ќе плати Општина Куманово за делегираните должности на ЈП „Чистота и зеленило“ за 2024 година.
Божиќен базар за најмалите организираше хуманитарното здружение „Дарио Петровски“ Божиќен базар или работилница со Дедо Мраз организираше Хуманитарната организација „Дарио Петровски“ од Куманово во малата сала на Центарот за култура.
Уапсена измамничка од Бугарија, излажала две жени дека ќерките им се повредени во сообраќајка В.Е.И.(58) од Република Бугарија е уапсена на граничниот премин Деве Баир, под сомнение дека измамила две жени.
Бадник е неработен ден за православните граѓани Сабота, 6 јануари 2024 година, Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија.
Општина Куманово одвои 90 илјади евра за топол оброк на најсиромашните граѓани Обезбедување на топол оброк на лица во најголем социјален ризик е новата мерка на Општина Куманово во рамки на програмата за социјална заштита на граѓаните.
Уништени десетина нови клупи на Градскиот кеј во Куманово Две клупи се целосно скршени, а уште 4-5 се откорнати од од своето лежиште и превртени на Градскиот кеј во Куманово. Вандализмот се случил во првите два дена во новата годината.
Започнаа подготовките за „Бадникова поворка“ во Куманово Детската „Бадникова поворка“ која го најавува Христовото раѓање по 9-ти пат ќе биде организирана во Куманово.
Намалена видливост на патот Куманово- Скопје Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Се намалуваат цените на горивата Oд вечерва на полноќ во малопродажните објекти бензините ќе имаат пониска цена за половина денар, а нафтата и екстра лесното масло за горење за еден денар.
За новогодишната ноќ нападнати 4 лица во Гиновци, други поголеми прекршоци не се регистрирани Мирно, без поголеми инциденти и прекршување на јавниот ред и мир поминале новогодишните празници, информираат од СВР Куманово.
Реплика на антички разбој со оригинални тегови од локалитетот Градиште, кривопаланечко (видео) Камените тегови кои биле дел од антички разбој, пронајдени на археолошкиот локалитет Градиште, кривопаланечко, не се сместени во витрина за да сведочат немо за човековата историја, туку им е даден нов живот да ја продолжат традицијата во современото доба.
Три случаи на труење со алкохол во новогодишната ноќ во Кумaново Само три случаи на труење со алкохол бележи Брзата помош од Куманово, но и тогаш не се работело за екстремни случаи или за малолетници. Најголем број од повиците за време на продолжениот викенд биле од хронично болните, претежно пациенти со белодробни заболувања што се должи на променливото време и загадениот воздух.
Куманово со машко бебе ја започна Новата 2024 година Во Општа болница Куманово, ноќеска во 3.30 часот се роди првото бебе во новата 2024 година. Ова е второ бебе на 25 -годишната Назлије Јусуфова, машко, тешко 2,580 грама и долго 49 сантиметри.
Китењето на елката во кумановскиот крај започнало со формирање на градските средини кон крајот на 19-тиот век Традиционалното китење на елката во кумановскиот регион и пошироко за првпат се среќава кон крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век, кога се забележува и во јужните делови на Балканскиот полуостров.
Дефект на водоводна мрежа го остави без вода центарот на градот Пукната водоводна цевка на улицата „Ленинова“ пред поранешен „Вартекс“ ги остави без вода за пиење жителите во централното градско подрачје.