Дедо Мраз на мотор во хуманитарна мисија во Куманово(видео) На платото пред Центарот за култура, денеска напладне пристигна „Дедо Мраз на мотор“ - хуманитарна акција која традиционално ја организираат членовите на мото клубот „Мечки“ од Куманово.
„Спона“ организира хуманитарна акција за новогодишни пакетчиња Културно-информативниот центар на Србите во Македонији - „Спона“, организира хуманитарна акција „Подари радост“, за донирање на новогодишни пакетчиња за децата од социјално ранливите семејства од руралните средини.
„Елида Маркети“ набави вендинг машина од Пакомак и направи значаен исчекор кон селектирањето на отпад во Куманово Компанијата „Елида Маркети“ од Куманово, направи значаен чекор кон промовирање на селектирањето отпад во Куманово, со набавка на вендинг машина од Пакомак. Со тоа им овозможија на граѓаните во Куманово, дополнителна можност за селективно одложување на пластичните шишиња и лименките.
Граѓаните да не фрлаат петарди за време на новогодишните и божиќните прослави, апелира Кумановската полиција СВР Куманово започна превентивна кампања со која на граѓаните им укажува за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, за време на новогодишните и божиќни празници.
Изградбата на гимназијата „Сами Фрашери“ ќе чини 8 милиони евра, објектот ќе биде на четири нивоа со капацитет за 1.200 ученика Во големата сала на Комитет вчера беше промовиран проектот за изградба на новиот Средношколски центар „Сами Фрашери“, каде ќе се обезбеди простор за учениците од гимназиските паралелки и техничкото училиште „Наце Буѓони“, кои посетуваат настава на албански јазик.
Од кумановец одземени 550 парчиња пиротехнички средства Полициски службеници на СВР Куманово денеска кај едно лице од Куманово пронашле и заплениле поголема количина на пиротехнички средства.
Две награди за детската претстава „Црвенкапа“ на фестивал во Штип Режисерката Бојана Краљевска Стојков и сценографот Крсто Богојевски, се прогласени за најдобри во својата категорија на фесивалот за деца и млади „Малиот Принц“ во Штип. Тие работеа на претставата „Црвенкапа“ на Театар Куманово,која својата премиера ја имаше во септември.
Даниел Гелевски и Денис Бошковски, прогласени за најдобар пожарникар и полицаец во Куманово Даниел Гелевски е прогласен за најдобар пожарникар, а Денис Бошковски за најдобар полицаец за 2023 година. Традиционалната наградата ја врачува Општина Куманово на крајот на годината на предлог на службите кои се грижат за безбедноста на граѓаните.
Приведен крадец во Куманово Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 11.20 часот лишиле од слобода 48-годишен кумановец.
Со новогодишното украсување започна празничната атмосфера во Куманово Со украсување на двата плоштади започнаа подготовките за прославата на новогодишните празници во Куманово.
Бучен Козјак го доби престижното признание „Македонски квалитет 2023“ Кумановската компанија Бучен Козјак е една од десетте компании во земјата, која го доби престижното признание „Македонски квалитет 2023“, кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори, под покровителство на Претседателот на Mакедонија. Компаниите кои го добиваат ова признаие поминуваат низ строги критериуми за да се квалификуваат и да ги исполнија условите за квалитет.
Времено се запира впишувањето на националноста во матичните книги на родени, венчани и умрени Уставниот суд денеска на седница одлучи да поведе постапка за делови од три члена од Законот за матична евиденција во кои е содржан зборот „националност” во изводите за родени, венчани и умрени.
Општина Куманово лани исплатила 330.000 евра на три здруженија, најмногу пари отишле кај спортските клубови Од вкупно 330.000 евра кои биле предвидени за финансирање на невладините организации во Куманово за 2022 година, 300 илјади евра легнале на сметките на спортските клубови, додека 30.000 евра заедно добиле здруженијата „Порака наша“ и „Инклузива“
Реновирани се училниците и поставен е лифт во Кумановската гимназија Во Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово реновирани се училниците и инсталиран е лифт за потребите на учениците и вработените.
Фото кино клуб Козјак одбележува 75 години постоење Во Занетчискиот дом во Куманово, утре во 18.30 часот ќе се одбележи 75-годишното постоење на Фото Кино клуб Козјак-Куманово. Богатата програма предвидува проекција на филмови, изложба на фотографии, се она што ФКК Козјак го творел и придонел во текот на изминатите години, па се до ден денес.
Уште една измама со огревно дрво во Куманово, жртва 82-годишна жена Во Кумановската полиција вчера во 12.30 часот, 82-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 9.000 денари.