ДПА незадоволна од развојот на западно Куманово Советникот на ДПА Халил Куртиши се закани дека неговата партија ќе бара Куманово да се подели на два дела доколку не се започне со рамномерен и подеднаков развој на целата територија на градот.
Пријава затоа што им скршил рака и нога Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Љ.А. (32) од Куманово, за сторено кривично дело „тешка телесна повреда„.
Советот го подржа концертот на Џиновиќ Советниците ја изгласаа Програмата за културни манифестации во последното тромесечје од годината што тежи 5,4 милиони денари.
Најуспешната жена фармер од Режановце Слаѓана Бошковска од кумановското село Режановце е прогласена за најдобра жена фармер за 2010 година.
Старо Нагоричане во проект за правата на заедниците Во Општината Старо Нагоричане започна имплементацијата на прокетот за подобрување и остварување на правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во РМ.
Преводот ги истера советниците на ДПСМ од Советот Советниците на Демократската партија на Србите во Македонија го бојкотираат Советот на Општината Куманово затоа што нема преведувач на српски јазик.
ОУ „Магдалена Антова„ го прослави патронатот Со положување свежо цвеќе на бистата на својот патрон како и организирање на приредба во салата „Панко Брашнаров„ од учениците.
Изгласан вториот ребаланс на Буџетот Советниците на денешната седница го изгласаа ребалансот на Буџетот за 2010 година. Без ниедна дискусија, со 20 гласа за и 5 против од страна на опозицијата, општинската каса е дополнета за 45, 7 милиони денари.
Во Алешевце откриен канабис Во атарот на селото Алешевце, липковско откриени се засадени 715 стебла од растението канабис сатива.
Распишан конкурсот за Ноемвриска награда Од минатата недела започна пријавување за најголемото признание на градот Ноемвриската награда.
Млад компјутерски техничар изработи робот Александар Димитриевски ученик во четврта година во смерот за комјутерска техника и автоматика го презентираше својот проект - робот, кој го изработил заедно со професорите.
Обука на книговодители за е-даноци Управата за јавни приходи денеска организираше советување за електронско поднесување на даноци, откако беше воведена новината за електронските услуги.
Техничкото училиште слави златен јубилеј Претствници од политичкиот и културен живот во градот, поранешни вработени и ученици положија цвеќе пред бистата на патронот, по што следеше програма на која беа презентирани проектите на училиштето и доделени благодарници на деловните пртнери на училиштето.
Дамјановски: Врвно се претставивме во Кипар Делегација од Општината Куманово предводена од градоначалникот Зоран Дамјановски се врати од посетата на Кипар, каде што присуствуваше на 23-то Генерално собрание на градови носители на пораката на мирот.
Асфалтиран патот до Земјоделското училиште Денеска свечено беше предаден во употреба асфалтираниот пат до Земјоделското училиште „Киро Бурназ„. Лентата ја пресекоа градоначалникот и директорот на училиштето.
Државен натпревар на трактористи во Старо Нагоричане Општината Старо Нагоричане викендов беше домаќин на 51-от државен натпревар на трактористи од повеќе градови. Во дисциплинит конвенционален и реверзибилен плуг, 35 орачи од Македонија ги покажаа своите земјоделски вештини.