Голем интерес за вакцинација против голема кашлица во Куманово Минатата недела во Куманово против голема кашлица - пертусис се вакцинирале 193 претшколски деца и 118 на училишна возраст, што значи дека бројката расне во однос на претходните неколку недели.
Седница на Совет на Општина Куманово - 16 точки на дневен ред Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 16 точки, а ќе се расправа по главно за годишни извештаи и програми за работа на јавни претпријатија, служби, установи.
Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат Од вечерва на полноќ на малопродажните објекти цените на бензините се зголемуваат за половина денар, додека дизел горивото ќе е поевтино за 1 денар, екстра лесното се намалува за 0,5 дени.
Кумановец сликал додека се потпишувал во ДИК за кандидат за претседател Кумановец додека се потпишувал за еден од кандидатите за претседател, во просторите на ДИК го сликал образецот на кој се потпишал.
Над 30 отсто од децата од 6 до 9 години имаат зголемена телесна тежина, над 28 отсто од возрасните се дебели, покажа истражувањето на ИЈЗ Над 30 отсто од децата на возраст од 6 до 9 години живеат со зголемена телесна тежина, а 13,8 посто се со дебелина или екстремна дебелина, објавено во извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во чест на 4 Mарт, Светски ден на дебелината.
Изложба на фотографии на Марјан Шалајко во Уметничката галерија во Куманово Во Уметничката галерија во Куманово, утре со почеток во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата на фото - графики „Заборавени“ на Марјан Шалајко Јаневски. Публиката ќе види 30 фотографии, направени локално, во родниот град на авторот.
Проект за енергетска ефикасност на старите згради повторно ќе се реализира во Куманово Сопствeниците на станови повторно ќе можат да аплицираат за средства од организацијата „Хабитат Македонија“ и Општина Куманово за подобрување на енергетската ефикасност и реконструкција на старите и дотраени фасади на стамбените згради.
Загина 63-годишен градежен работник од Куманово Во Градската општа болница „8 Септември“ вчера околу пладне со тешки телесни повреди бил донесен Ч.В.(63) од Куманово. Повредениот работник околу 22.00 часот починал.
Куманово со најмногу измени на Детални урбанистички планови, покажа истражувањето на ЦГК Вкупно 427 промени на Детални урбанистички планови направила Општина Куманово во периодот од 2018 до 2022 година, поради што е на прво место пред останатите градови Битола, Кичево, Неготино, Тетово, Струмица, Чаир и Штип, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
Заврши мерката за загарантирани цени, од денес ќе ги формираат трговците Мерката за загарантирани цени на дел од прехранбените производи и безалкохолните пијалоци заврши на полноќ, па од денеска на цените ќе зависат од трговците.
Акција за пошумување на „Менкова Колиба“ организираат планинарите на „Козјак 2013“ Здружението на планинари „Козјак 2013“ од Куманово, утре /сабота/ организира пошумување на месноста „Менкова Колиба”, како дел од активностите на проектот “Планинарска инфраструктура - основа за туризам и здрави навики“.
МВР воведе електронско закажување на термин за лични документи Од денес може електронски да се поднесе барање за вадење лични документи.
Собранието не го прифати предлогот за покачување на паушалот на раководството на пензионерите во Куманово Делегатите на Здружение на пензионери на денешното Годишно собрание не го изгласаа предлогот за зголемување на месечните паушали на функционерите во Куманово.
Нападната вработена во ЈП „Куманово-паркинг“ Вработена во ЈП Куманово паркинг по полноќ била нападната од жена, додека била на работа.
Собрани се 10.000 потписи за кандидатурата на Димитриевски, 4.500 се на кумановци За кандидатурата на Максим Димитриевски за претседател на државата, досега во ДИК се потпишале 4.500 граѓаните на Куманово, од вкупно 10 илјади.
Кривична и дисциплински постапки против четворица полицајци за инцидент во казино во Куманово (видео) Еден полицаец е осомничен за насилство, втор за нарушување на јавен ред и мир, додека за двајца е поведен постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, поради инцидент во казино во Куманово.