Изложба на слики на Лара Ташковска во Куманово Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре во 19 часот пред кумановската ликовна публика ќе се претстави современата македонска сликарка Лара Ташковска.
Уапсена кумановка, крадела во продавница во Струга Полициски службеници вчера ја привеле В.И.(23) од Куманово, под сомнение дека претходно во трговски објект во Струга извршила кражба, при што одзела повеќе производи.
Почна реконструкцијата на внатрешноста на Соколана под стручен надзор на конзерватори Започна реконструкцијата на внатрешниот простор на спортската сала Соколана.
Без контакт: Здравствен систем - Епизода 3 (видео) Мирослав Петковиќ, алиас „Чика Брко“ , во третата епизода на „Без контакт“, стенд - ап комичарот дава критика на здравствениот систем во државата, и бидејќи сме во предизборен период предупредува дека повтоно ќе се актуелизира прашањето за клинички центар и ги коментира моменталните проблеми во здравството, како мој термин, немањето реагенси, лекови чекањето на ред за операции и случајот „Онкологија“.
Вкупниот криминалитет е намален за 3,6 отсто, а ефикасноста на полицијата за 37,1 отсто, кажа Бојмацалиев по посетата на СВР Куманово Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски остварија работна средба со раководството на СВР Куманово и раководствата на Одделенијата за внатрешни работи Крива Паланка и Кратово.
Улицата „Братство Единство“ уште нема тротоари, а нејзината реконструкција чинеше 200.000 евра Улицата „Братство Единство“ во Куманово, која води од градската џамија до автобуската станица, повеќе од една година нема тротори.
Поскапуваат дизелот, екстра лесното масло и мазутот, само бензините по стара цена За 1 денар поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за горење, а за 1,149 денари на килограм ќе биде поскап мазутот. Бензините остануваат со истата цена.
Лидија Трајковска е нов раководител на Сектор за инспекциски надзор во Куманово Лидија Трајковска, дипломиран архитект, е назначена за раководител на Секторот за инспекциски надзор на Општина Куманово. Трајковска има 16 годишно искуство како општински инспектор и повеќе од 33 години работен стаж во професијата.
Општина Куманово објави повик за добивање на оброк во народна кујна Општина Куманово ги повикува сите граѓани, кои се социјално загрозени да аплицираат за остварување на правото на користење на народна кујна, која ќе обезбедува еден дневен оброк.
Стручноста а не етничката припадност одлучи коj ќе се вработи, велат од Здравствен дом Куманово, по обвинувањата дека примаат само Албанци Во Здравствениот дом во Куманово на последниот оглас се вработени 12 медицински сестри и двајца доктори по стоматологија, од кои само три медицински сестри се од македонска, додека останатите се од албанска националност.
Казнети 156 возачи изминатиот викенд во Куманово Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 156 возачи.
Хроничен недостиг на кадар во „Зафир Сајто“, МТСП не дава согласност за нови вработувања - видео интервју со директорот Дејан Стојановски Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово е меѓу најголемите во земјата. Во него се сместени повеќе од 150 лица, а уште дваесетина се на листа на чекање.
Уставниот суд поведе постапка за суспендираниот ДУП кај „Школска амбуланта“ Уставниот суд ќе ja оценува уставноста и законитоста на Одлуката за супензија на дел од Деталниот урбанистички план (ДУП) кај „Школска амбуланта“, која ја донесе Советот на Општина Куманово во јуни 2023 година.
Нов случај на голема кашлица, вкупно четири деца заразени во Куманово Центарот за јавно здравје Куманово регистрираше уште еден случај на голема кашлица во Куманово, по што бројот на заболени деца се искачи на четири.
Општина Куманово објави повик за субвенции за уредување на дворови на стамбени згради Општината ги повикува сите правни субјекти кои се заинтересирани да аплицираат за уредување на дворни површини и просторот кој се наоѓa околу станбените згради. Барањата ќе се примаат до исцрпување на средствата буџетот за таа намена, но не подоцна од 30.11.2024.
Компаниите наидуваат на административни бариери кои го развлекуваат процесот на инвестирање, кажа Петрова по посетата на кумановските фирми Дополнителната заменичка министерката за финансии Елена Петрова, денеска беше посета на неколку приватни компании во Куманово, со цел да се запознае со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат при нивната работа.