Нема успешни локални политики без вклучување и учество на граѓаните Граѓаните многу малку или воопшто не се вклучени во креирањето политики на локално ниво.
Бесплатниот градски превоз ќе продолжи до крајот на јуни, општината ќе ја чини уште 500.000 евра Бесплатниот јавен превоз во Куманово ќе продолжи и во наредните 6 месеци, поточно до крајот на јуни 2024 година. Од општинскиот буџет за таа намена ќе бидат исплатени 30 милиони денари или 500 илјади евра.
ИПА регион Куманово донираше пакетчиња за корисниците на Дневниот центар за лица со посебни потреби Новогодишни пакетчиња за корисниците на Дневен центар за лица со посебни потреби донираa челнови на ИПА регион Куманово, во соработка со општинскиот Црвен крст. Хуманитарната акција, претставува прва официјална активност на Комисија за млади, спорт и култура на ИПА Регион Куманово.
БЕЗ КОНТАКТ: Катни гараже (видео) Во новиот видео формат „Без контакт“, стенд-ап комичарот Мирослав Петковиќ, алиас „Чика Брко“, ќе не потсети на предизборните ветувања, кои се всушност еден вид дезинформации што ни ги пласираат политичарите во предизборната еуфорија. Катните гаражи во Куманово кои беа најавувани како најдобро решение со кое ќе се зголеми капацитетот на паркинг места и ќе се намали сообраќајниот хаос во градот, се тема на денешната епизода во видеото кое можете да го погледнете во прилог.
Коњот Пикасо и магаренцето Марга - главна атракција на новогодишниот базар во Крива Паланка (видео) Коњот Пикасо и магаренцето Марга се главна атракција на новогодишниот базар на Градскиот плоштад во Крива Паланка.
Прегазен пешак на крстосницата на „11 Октомври“ и „Србо Томовиќ“ Повозрасен кумановец вчера поплaдне е повреден на на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Србо Томовиќ“, кога во него удрил автомобил.
Сообраќајот и водоснабдувањето – најчести граѓански приоритети на локално ниво Средени улици, редовно водоснабдување, тротоари без возила. Населени места без улични кучиња и со осветлени улици. Повеќе градско зеленило, пешачки и велосипедски патеки, доволно паркинзи, а помалку расфрлeн отпад и преполни контејнери.
Коледарите ги започнаа подготовките за Бадник, набраа дабови гранчиња во Колитско Здружението на граѓани „Коледари“ од Куманово ги започнаа подготовките за прославата на Бадник.
Општинската каса за следната година ќе тежи 35 милиони евра Општина Куманово планира да потроши 2.613.396.822, 00 денари или 35 милиони евра во 2024 година, за тековното работење за капитални проекти. Предлог буџетот утре ќе се најде на усвојување пред советниците.
Горивата поскапуваат од денар до денар и половина Од вечерва на полноќ горивата ќе се продаваат по повисоки цени за денар до денар и половина, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53 насто.
На Куманово му недостасуваат пет медицински екипи за брза помош Пет екипи на итна медицинска помош недостигаат во Куманово по законски пропишаниот минимум на тимови во зависност од бројот на жители, објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
Донесување на буџетот за 2024 година утре на седница на Совет Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи последната седница за оваа година. На дневен ред се 53 точки, а најзначајна е донесувањето за буџетот за 2024 година.
Нападнат и ограбен таксист во Куманово Приведени се двајца кумановци кои нападнале и ограбиле таксист во Куманово.
Повреден пешак на раскрсницата на улиците „Железничка“ и „Индустриска“ Повозрасен жител на липковското село Гошинце, синоќа бил повреден на раскрсницата на улиците „Железничка“ и „Индустриска“ во Куманово.
Пратеничката Лидија Тасевска одликувана со орденот витез на Националниот ред за заслуги на Франција Пратеничката Лидија Тасевска од Куманово, одликувана е со орденот витез на Националниот ред за заслуги на Франција од страна на претседателот на Франција, Емануел Макрон, за нејзиниот значаен придонес во развојот на односите меѓу двете земји.
Бездомник од Скопје најден премрзнат и мокар на улица во Куманово Гари Абдуш (34) од скопската населба Шуто Оризари, вчера во 14.10 часот бил пронајден премрзнат и мокар како лежи на улицата 11 Октомври во Куманово.