Пријава за двајца цариници, се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба Кумановската полиција поднесе кривична пријава против двајца царинар од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.
Невработени се над 200 медицински сестри во Куманово, 165 учат вонредно Во Центарот за вработување во Куманово чекаат работа над 200 медицински сестри и дваесетина од другите медицински профили. Иако овие професиии се барани во земјата и странство, сепак не сите лесно и брзо доаѓаат до работа.
Исчезна 14-годишно девојче со здравствени проблеми Четиринаесет годишно девојче од Куманово е пријавено за исчезнато. Случајот во СВР Куманово синоќа го пријавиле нејзините родители.
Улицата „Бајрам Шабани“ ќе почека подобри времиња за да добие тротоари и атмосферска канализација Улицата „Бајрам Шабани“, една од главните артерии во градот и оваа година ја нема во Програмата за реконструкција на постојни и изградба на нови улици во Куманово. Иако нема атмосферска канализација и тротоари, поради што се нарушува безбедноста за движење на пешаците и возачите, ќе мора да почека подобри времиња за да добие комплентна намена.
Денеска и утре делови од градот и повеќе села без струја Поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија денеска и утре без струја ќе останат потрошувачите на одредени делови на градот, приградски населби и села во кумановско.
Двајца кумановци се степале со сограѓанин, па му ја прегазиле ногата со автомобил Кумановската полиција поднесе кривична пријава против двајца кумановци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“.
Младинска организација ќе добие 50 илјади евра за пет години да раководи со Младинскиот центар во Куманово Младинска организација од Општина Куманово ќе добие 3 милиони денари за да во наредните 5 години раководи со Младинскиот центар во Куманово.
Сточарите од Љубодраг и денеска на протест, утре на средба со претставниците од Агенцијата за храна и ветеринарство И денеска сточарите од селото Љубодраг го блокираа регионалниот пат Куманово - Скопје, во период од 10 до 12 часот, против одлуката за уништување на свињите донесена од инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, откако пред шест месеци беше откриен случај на африканска чума.
Општина Куманово лани исплатила 21.000 евра оштета на граѓани каснати од куче Општина Куманово лани од својот буџет им исплатила 1.290.685 денари (21.000 евра) на граѓани кои ја тужеле бидејќи биле каснати од куче. Надомест за претрпени физички повреди и психички трауми добиле 14 лица, а биле пријавени 39 каснувања од улични кучиња на територијата на Општина Куманово, но не сите постапки се завршени.
Флекс Кредит се стекна со признанието најголем корпоративен донатор за 2022 година во СОС Детско село Големо е задоволството да се помага онаму каде што е најпотребно. Признанијата кои се доделени од искрените детски насмевки се најдраги.
Падна потпорен ѕид и ограда пред Центарот за вработување во Куманово Пред повеќе од еден месец падна потпорниот ѕид, кој ја држеше оградата на дворот во Агенцијата за вработување во Куманово. Иако за обрушувањето се известени сите надлежните државни и локални служби, освен што местото е обележано со лента, друга заштита нема.
За викендот казнети 237 возачи на подрачјето на СВР Куманово Засилени акциски контроли на припадниците на СВР Куманово беа спроведени викендов за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.
На конкурсот се примени најдобритe и не се од ДУИ, тврди директорот Алили Никој не е отпуштен, четирите сестри се уште одат на работа иако договорите им се завршени на крајот на минатата година. Неосновани се тврдењата и обвинувањата кои беа објавени во медиумите од страна на пратеникот Бране Петрушевски.
Жителите на Шупли Камен останaа без леб зашто на пекарите не им се исплати да го носат во селото, објави Левица Лица со посебни потреби, стари и изнемоштени, пензионери и работници кои својот работен век го посветиле на земјоделието и производство на храна, од кумановското село Шупли Камен, веќе трета недела оставени се без леб, затоа што приватните пекари немале сметка да го носат во селото по намалување на цената на лебот , тврдат од партијата Левица, огранок Куманово.
Во акција во Куманово откриено нелегално менување на девизи, запленети евра, долари, франци, динари, левови... Во акцијата спроведена на територијата на Куманово откриени се и менувачници без решенија и лиценца за менувачко работење со пари, како и лица кои менувале девизи, но и улични поединци кај кои се најдени и српски динари и бугарски левови.
Искусни медицински сестри од Здравствен дом избркани од работа, на нивно место вработени кадри на ДУИ, тврди пратеникот Петрушевски Четири искусни медицински сестри од кумановскиот Здравствен дом биле избркани од работа само затоа што се Македонки, а на нивно место биле вработени партиски кадри на ДУИ, тврди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.