Мени

Министерството за труд во три дена ги одзеде, па ги врати ингеренциите на Димитриевски за поставување на директор во градинката „Ангел Шајче“

Министерството за труд во три дена ги одзеде, па ги врати ингеренциите на Димитриевски за поставување на директор во градинката „Ангел Шајче“

Министерството за труд и социјална политика пред два дена и ги одзеде ингеренциите на Општина Куманово за именување директор во градинката „Ангел Шајче“, но денеска се премисли и го повлече решението. Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, на прес-конференција обвини дека исто како и пред четири години кога останале без надлежност во време на избор директор во градинката, и сега се применило истото сценарио.

МВР предупредува граѓаните да не наседнуваат на лажни електронски пораки пратени во името на Бирото за јавна безбедност и УЈП

МВР предупредува граѓаните да не наседнуваат на лажни електронски пораки пратени во името на Бирото за јавна безбедност и УЈП

МВР ги повикува граѓаните да не наседнуваат на електронските пораките кои деновиве пристигнале кај повеќе граѓани во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, за наводна соработка со Европол, во која се известуваат дека се предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, и притоа ги повикуваат да го контактираат испраќачот.

Општината го избра ЦИД пет години да раководи со Младинскиот центар во Куманово, за активностите ќе добие 50.000 евра

Општината го избра ЦИД пет години да раководи со Младинскиот центар во Куманово, за активностите ќе добие 50.000 евра

Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) ќе го води Младинскиот центар во Општина Куманово во наредните пет години,одлучи комисија во Општина Куманово. Тие биле единствените пријавени на јавниот повик за избор на младинска организација која ќе раководи со Младинскиот центар, кој Општината го распиша минатиот месец.

Српски колекционери останаа без 500 стари грамофонски плочи, им ги запленила царината зашто ќе се продавале како нецаринета стока на Балкански фестивал на винили во Куманово

Српски колекционери останаа без 500 стари грамофонски плочи, им ги запленила царината зашто ќе се продавале како нецаринета стока на Балкански фестивал на винили во Куманово

Петмина српски колекционери, кои викендот требало да учествуваат на третиот Балкански фестивал на винили во Куманово, останале без своите стари грамофонски плочи откако им ги запленила царината, со образложение дека немаат документи за нивна продажба.

Дополнување на буџетот и еднократна помош за првачињата, на дневен ред на утрешната седница на Советот

Дополнување на буџетот и еднократна помош за првачињата, на дневен ред на утрешната седница на Советот

Во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, утре со почеток во 10 часот ќе се одржи дваесет и третата седница на Советот на Општина Куманово.  

Средношколец од Куманово осомничен за препродажба на марихуана

Средношколец од Куманово осомничен за препродажба на марихуана

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 18 години за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.