Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за јули Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2022 година.
Поевтинуваат бензините и дизелот Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат од 2 до 3 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
„Пин Петрол“ слави трет роденден - награди и изненадувања за потрошувачите Компанијата „Пин Петрол“ од Куманово, во чиј состав функционира современа бензинска пумпа, станица за технички преглед, ресторан, супер маркет и автоматски перални, слави три години постоење и успешна работа.
Бојан Стојковски нов секретар на СДСМ Куманово Бојан Стојковски е новиот секретар на општинската организација на СДСМ Куманово.
Со „ауди“ удрил двајца пешаци на „Октомвриска“, жената починала Повозрасна жена починала откако била удрена со автомобил на крстосницата од бул.„Октомвриска револуција“, ул.„Иво Лола Рибар“ и ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово.
Се чекаат резултатите од инспекцискиот надзор за помор на риби во Кумановка и Пчиња Државен инспектор за животна средина (ДИЖС) канцеларија од Крива Паланка, завчера извршил вонреден инспекциски надзор во Пречистителната станица за отпадни води во селото Доброшане со која стопанисува ЈП „Водовод“ во Куманово и во фабриката „Бонум“ во селото Драгоманце во општина Старо Нгоричане, откако во неделата имаше помор на риби во реката Кумановка и на вливот во реката Пчиња.
Петмина Сиријци ограбени во Четирце Петмина Сиријци пријавиле во кумановската полиција дека биле ограбени во околината на село Четирце, соопшти денеска полицијата.
Помор на риби во Кумановка, водата во Пчиња виолетова Државниот инспектор за животна средина денеска извршил вонреден инспекциски надзор во пречистителната станица во село Доброшане, откако рибари пријавиле дека има помор на риби во реката Кумановка и на вливот во реката Пчиња.
СТАВ: ШТО СЛАВИТЕ? Најголемиот македонски празник Илинден во минатото беше голем ден за сите Македонци. Горди гледавме на историските настани, на минатото, а полни со надеж во иднина. А денес, да живееш во Македонија значи да си продаден, предаден, прекрстен, гладен, депресивен и со малку верба за подобар живот.
Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје и околината Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава регистрира земјотрес со епицентар на 26 километри североисточно од Скопје во Косово.
Денот на Републиката – 2 Август неработен за сите граѓани 2 Aвгуст (вторник) 2022 година, Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани.
Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожар во излетничките места, апелира СВР Куманово Во пресрет на престојниот празник Илинден кога се очекува излетничките места помасовно да бидат посетени од граѓаните, СВР Куманово апелира посетителите да бидат внимателни со отпушоците од цигари, да се воздржат од палење оган на отворено, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари.
Колонa камиони на границата на Табановце, џабе Отворен Балкан ако има само една лента, вели Синдикатот Повеќе од 6 часа денеска беше во прекин транспортниот сообраќај на граничниот премин Табановце за влез во државата, поради техничи проблеми.
Во Куманово нови 46 позитивни на ковид-19 Направени се 1.866 тестови, а регистрирани се нови 884 случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Жител на Пчиња се повредил додека гаснел пожар во објект со механизација и жито Т.М. од селото Пчиња е пренесен во Кумановската болницата откако се здобил со повреди, додека гаснел пожар на плевна.
До крајот на неделава се очекува да се ажурира апликацијата „Мој ДДВ“, велат од УЈП Ажурирањето на апликацијата „Мој ДДВ“ се очекува да заврши до крајот на неделата, по што од УЈП ќе ги извести граѓаните кога ќе можат да го користат напредниот начин на скенирање.