Цената на бензинот пониска за 5 денари, на дизелот за 6 денари Вечерва од полноќ цената на бензинот се намалува за 5 денари, а на дизелот за 6 денари за литар. Регулаторната комисија за енергетика вечерва донесе нови цени на горивата со кои тие се намалуваат во просек за 5,95 проценти во однос на одлуката од вчера.
Се реконструираат тоалетите во училиштето „Вук Караџиќ“ Општина Куманово започна со реконструкција на тоалетите во Основното училиште „Вук Караџиќ“, а проектот вклучува и нова влезна врата на училишниот двор.
Во петок ќе се одржи протест пред Општина Куманово, поради проблемот со јавниот превоз во градот Компаниите кои вршат јавен превоз, во петок напладне ќе одржат мирен протест пред Општина Куманово, незадоволни од работата на градоначалникот и Комисијата за спроведување на постапката за јавен превоз, затоа што не функционираат најфреквентните линии во градот.
Основците во училиштата да не носат маски, препорача Комисијата за заразни болести Учениците во основните училишта да се ослободат од обврската да носат маски на училиште за заштита од ковид-19, но тоа да не важи за наставниците и техничкиот персонал, препорача денеска Комисијата за заразни болести.
Двојазични ознаки ќе има на униформите на полицијата во Куманово Владата усвои Уредба за двојазични униформи на полицијата во Скопје и во општините во кои најмалку 20 отсто од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
Каменуван воз во Лопате На делот од пругата помеѓу железничка станица Карпош и железничка станица Куманово, кај патниот премин кој води до с. Лопате, кумановско, неколку лица го каменувале патничкиот воз кој сообраќал на релација Табановце – Скопје.
Учениците од „Перо Наков“ и „Кочо Рацин“ останаа без бесплатен превоз Дел од учениците од Средното училиште „Перо Наков“ и Основното училиште „Кочо Рацин“ останаа без бесплатен превоз, затоа што училиштата се уште не избрале нови превозници, откако им завршија договорите со старите потпишани по итна постапка. И во двете училишта јавните огласите се објавени и и тече жалбениот рок, но не се знае кога ќе завршат.
Деветнаесетгодишен возач со „ауди“ удрил во пешак на „Никола Тесла“ Кумановка се здобила со тешки повреди, откако во неа удрило возило додека се движела по улицата „Никола Тесла“ во Куманово.
Авелина - враќање кон природата и корените (видео) Деградацијата на културата е главниот мотив на младите членови од музичката група „Авелина“ да создаваат автентична изворна музика со која се навраќаат на корените и на симбиозата на човекот со природните сили.
Двајца новозаболени и 17 оздравени од ковид-19 во Куманово Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа нправени се 1.176 тестови, а регистрирани се 92 нови случаи на ковид-19.
Прегазен полицаец во Којнаре кога сакал да го сопре возилото Полициски службеник е тешко повреден кога во него удрил автомобил на локалниот пат Куманово - с.Сопот, кај с.Долно Којнаре, кумановско.
За викенд казнет 131 возач, 68 за брзо возење, 25 под дејство на алкохол Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово спроведе засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Одлуката да се формираат пакет линии во јавниот превоз е незаконска, вели адвокатот на автопревозниците Божиновски Правилата на игра не се менуваат на среде натпревар и одлуката на Советот да формира пакет линии додека трае постапката за избор на нови автопревозници е спротивна на законот, и таа ќе предизвика правни последици по оние што ја гласале, вели адвокатот Виктор Божиновски, правен застапник на дел од автопревозниците, откако таа одлука беше донесена на последната седница
Без вода неколку локации во градот, поради дефекти и интервенции на водоводната мрежа Потрошувачите на пет локации во градот денеска ќе имаат прекин на водоснабувањето, поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.
Еден починат и 17 новозаболени од коронавирус во Куманово Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.635 тестови, а регистрирани се 277 нови случаи на ковид-19.
Со пакет линии Општина Куманово ќе го решава јавниот превоз Aвтопревозниците кои ќе ги добијат атрактивните градски линии ќе вршат превоз и во непрофитабилните селски средини, одлучи Советот на Општина Куманово на денешната седница, со цел да го реши хаосот во градскиот превоз, кој настана од почетокот на годината поради задоцнетото распишување на јавниот повик.