Димитриевски до лани не знаел дека протекува крoвот на „Крсте“ и „Браќа“ - не му кажала предходната директорка, тврди Павловски
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, до минатата година не знаел дека протекува кровот на зградата во која се сместени основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, бидејќи за тоа не го известила бившата директорка на „Браќа Миладиновци“, тврди идниот советник Николај Павловски од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, одговарајќи на обвинувањата на СДСМ дека локалната самоуправа не преземела ништо да го санира оштетениот покрив, поради што е загрозена безбедноста на учениците.