Граѓаните сакаат да живеат во чиста, зелена и уредена општина, кажа Ѓорѓиевска Заштитата на животната средина ќе биде приоритет и во следниот мандат на Општина Куманово предводена од нашата граѓанска иницијатива „За наше Куманово, најави Ивана Ѓорѓиевска, носителка на независната листа на кандидати за советници.
Крадци украле компјутерска опрема во детска градинка Непознати сторители провалиле во детска градинка и украле компјутерска опрема.
Двајца починати од коронавирус во Куманово, од кои еден на 30-годишна возраст, 45 новозаболени Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 5 починати лица од Скопје (84г, 79г, 66г, 62г и 57г), 2 починати лица од Куманово (63г и 30г) и по едно починато лице од Гостивар (64г) и Кавадарци (80г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Приведен Кумановец за издржување затворска казна Полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, вчера во 23.30 часот го лишиле од слобода Б.И. од Куманово за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик за „тешка кражба“.
Младите во Куманово ќе добијат скејтпарк, најави Димитровска Кандидатката за градоначалничка на Куманово, Теодора Димитровска од ЛДП и ДОМ на денешната прес-конференција најави изградба на адреналински парк за младите. Паркот ќе се наоѓа во близина на спортската сала, а за него е изработен предлог проект на иницијатива на член на ЛДП.
Јовановски најави доизградба на булеварот „Октомвриска револуција“ до автопатот Современиот начин на живот бара современи инфраструктурни решенија прилагодени на времето во кое живееме. Затоа во програмата „Најдоброто за Куманово“ во мандатниот период 2021 – 2025 година предвидуваме реален и финансиски издржан патоказ за развој на инфраструктурата, кажа кандидатот за советник на СДСМ Александар Јовановски, на денешната прес-конференција.
Нови 47 случаи на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 467 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.512 тестирања.
Павловски: Mладите се столб на секоја држава и носители на промените Кандидатот за советник од граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“ Николај Павловски, денеска одржа прес-конференција на која информираше за проекти кои се предвидени да се реализираат доколку ја добијат поддршката на граѓаните, а се однесуваат на подобрување на животот на младите лица од Општина Куманово.
Пописот се одвива непречено и со зголемен интензитет Во последните три дена од пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, пописните активности на терен се одвиваат непречено и во одредени пописни реони со зголемен интензитет.
Мургашанска најави хумана урбанизација, повеќе зеленило, еколошки јавен превоз... На пет централни столба се темели програмата на СДСМ за Куманово, кои се однесуваат во сите сфери на општинското живеење и со кои е предвидено подобрување на состојбите во Куманово, најави Атина Мургашанска, носителка на листата на СДСМ во Куманово.
Граѓаните на Куманово меѓу најмалку вакцинираните во земјата Помеѓу 30-40 отсто, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.
Димитриевски ги претстави проектите пред граѓаните за модерен лик на Куманово Независниот кандидат за градоначалник од иницијатива „За Наше Куманово“ Максим Димитриевски, синоќа на изборната Конвенција од Градскиот плоштад во Куманово најави дека периодот 2021-2025 година ќе биде период на ренесанса и градба, за еден модерен и европски лик бидејќи тоа го заслужува Куманово и кумановци.
СДСМ ја има најдобрата понуда за Куманово, порача Илиевски СДСМ ја нуди најбогатата програма за кумановци и ја има најдобрата понуда за Куманово. Проектите ги пишувавме систематски цела една година, правевме анкети на граѓаните, одевме прашувавме по населбите, пресметавме за секоја инвестиција колку пари ќе чини, најдовме од каде ќе се финансира и потоа го ставивме во програмата, кажа на синоќешната промоција кандидатот за градоначалник на СДСМ, Оливер Илиевски.
Еден починат и 6 нови случаи на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.726 тестирања.
Бензините поевтинуваат за еден денар Малопродажните цени на нафтените деривати од денеска на полноќ се зголемуваат во просек за 0,4 отсто, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Денови на комедија по 24-пат пред кумановската публика Со претставата „Партија реми“ на Драмски театар Скопје, вечерва почнува традиционалниот 24-ти по ред Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“, во организација на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.