Објавен повик за субвенции на занаетчиите за набавка на алати и репроматеријали Министерството за економија го објави јавниот повик за кофинансирање на трошоци на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност со кој се покриваат до 60 отсто од докажаните трошоци за набавка на алати и репроматеријали во 2020 година, но не повеќе од 60.000 денари.
Ослободете се од масните наслаги на брз и здрав начин во салонот за убавина „Diamond Beauty“ Новиот салон за убавина „Diamond Beauty“ во Куманово, нуди современа и безболна технологија за слабеење, топење на масти и реобликување на вашето тело. Најновата технологија овозможува на брз и едноставен начин - без хируршка интервенција и без болка, брзо и здраво да дојдете до посакуваната линија.
Двајца починати и 55 новозаболени од коронавирус во Куманово Двајца пациенти починаа од компликации на коронавирус, а 55 се позитивни во изминатото деноноќие во Куманово.
Недела треба да е ден за одмор и за семејството, кажа Шахпаска Министерството за труд и социјална политика побара согласност и предлози од Незаисната угостителска комора за владината иницијатива недела да биде прогласена за неработен ден.
Поддршка од ГИЗ за јавните претпријатија во време на ковид-19 Средства за дезинфекција, маски, ракавици, заштитни одела, визири, чизми... во вкупна вредност од околу 40.000 евра, добија 23 јавни комунални претпријатија од 20 општини во земјава, обезбедени од Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ.
Во Куманово нови 47 заболени од ковид-19 Двајца починати и 47 новозаболени се регистрирани во последното деноноќие во Куманово.
Наместо од училница наставниците да држат онлајн настава од дома, препорача Кризниот штаб во Куманово Наставниците коишто држат онлајн настава на учениците во основните и средни училишта да почнат да работат од дома за да се намалат физичките контакти и да се спречи ширењето на коронавирусот, препорача Општински штаб за заштита и спасување на Куманово на денешниот состанок.
Таксистите бараат нови и обележани постојки, надлежните велат да ги користат постоечките и да не се паркираат каде што сакаат Такси превозниците во градот бараат од Општина Куманово да одреди и да обележи повеќе такси постојки во градот, кои ќе ги користат само тие и патниците.
Неколку локации во градот без вода Поради интервенции на водоводната мрежа денеска без вода времено ќе останат потрошувачите на неколку локации во градот и околните населби.
Задолжително носење на зимска опрема во возилата Од вчера започна обврската за задолжителното носење на зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март. Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелираат до возачите да внимаваат на своја безбедност, да користат соодветна зимска опрема за да пристигнат безбедно на посакуваната дестинација во зимски услови на патиштата.
Во Куманово нови 48 позитивни на ковид-19 Во последните 24 часа регистрирани се 990 нови случаи на ковид-19, a направени се 2655 тестирања.
Лажна вест е дека сум во приватна клиника затоа што ми влошила здравствената состојба, објави Спасовски Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, демантира дека бил хоспитализиран во приватна клиника, откако одредени портали објавија дека му се влошила здравствената состојба.
Приведен кумановец баран со потерница Полициските службеници од СВР Kуманово, ноќеска во 4.20 часот, го привеле Н.Ј.(36) од Куманово, кој се барал со потерница од Основен суд Куманово.
Двајца починати и 68 новозаболени од ковид-19 во Куманово Во изминатото деноноќие, регистрирани се 1.168 нови случаи на ковид-19, од 3353 тестирања, информира Министерството за здравство.
Црвен крст ќе им помага на старите лица во набавка на храна и лекови По повод Неделата на грижа на старите лица, мобилни екипи од Црвен крст, од понеделник до петок ќе организира бесплатна услуга за набавка на храна и лекови на за стари и осамени лица во Куманово.
Петмина починати од коронавирус во Куманово, најмладиот на 34-годишна возраст Петмина пациенти ја изгубиле битката со коронавирус во последните 24 часа, а 75 се новозболени во Куманово.