Мени

Бојковски: Покажавме како се води кон единствениот пат – либерално кон ЕУ

Бојковски: Покажавме како се води кон единствениот пат – либерално кон ЕУ

Претседателот на општинска организација на Либерално Демократска Партија Куманово, Бобан Бојковски, ги повика граѓаните на 15 јули да ја дадат довербата на коалицијата „Можеме“ и носителот на листата Оливер Спасовски во ИЕ2, за да продолжат со развојот на државата - по единствениот пат кој води кон Европска Унија.

Спасовски: Да се разбудиме на 16 јули спокојни, со сигурна сегашност и иднина на нашите деца

Спасовски: Да се разбудиме на 16 јули спокојни, со сигурна сегашност и иднина на нашите деца

Носителот на листата  во Втората изборна единица, Оливер Спасовски, во финишот на изборната кампања апелираше до граѓаните дека гласањето е безбедно, и ги повика да излезат масовно и да гласаат за коалицијата „Можеме“ на СДСМ и бројот 3, и со тоа да изберат сигурна иднина за своите деца, наместо режим  кој е ужас и опасност за сите.

Во државен карантин завршија кумановци кои дошле од Авганистан

Во државен карантин завршија кумановци кои дошле од Авганистан

Кумановци кои се враќале од Aвганистан преку Дубаи, попладнево откако слетале на Скопскиот аеродром морале да одат во државан карантин, поради тоа што имало сомненија дека дел од нив се заразени со коронавирус.

Интервју со Бране Петрушевски:Ќе покажам дека во политиката може да се влезе и излезе чесен и со чист образ

Интервју со Бране Петрушевски:Ќе покажам дека во политиката може да се влезе и излезе чесен и со чист образ

Јас никогаш нема да дозволам да го извалкам мојот или образот на моето семејство. Заложба ќе ми биде пред зборот пратеник, да ја вратиме придавката народен. Тоа е суштината на постоењето на законодавниот дом како претставничка институција на граѓаните. Во овие историски моменти за нашата држава, јас на функцијата пратеник не гледам низ призма на некаква си привилегија, туку единствено како жртва.

Македонија интегрирана во ЕУ е нашата основна цел и примарна задача, кажа Димковска

Македонија интегрирана во ЕУ е нашата основна цел и примарна задача, кажа Димковска

Се обрзуваме да го вратиме достоинството, да го покренеме духот на народот, да ја обновиме Македонија, затоа што сите ние заслужуваме да живееме во просперитетна и економски моќна држава, порача кандидатката за пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 Кети Димковска.

Уште 13 позитивни на корона во Куманово

Уште 13 позитивни на корона во Куманово

 Уште 13 граѓани на Куманово се позитивни на коронавирус, а 28 се оздравени, покажуваат најновите податоци на Центарот за јавно здравје во Куманово.  Од почетокот на кризата досега во Куманово се регистрирани 831 заболен, од кои 164 се активни.

Спасовски: Да излеземе на гласање, да ја отфрлиме опасноста и да избереме сигурност

Спасовски: Да излеземе на гласање, да ја отфрлиме опасноста и да избереме сигурност

СДСМ носи сигурност и ова не е предизборен слоган, туку факт, порача носителот на листата на колаицијата на СДСМ во ИЕ 2, Оливер Спасовски во денешното обраќање пред медиумите на градскиот плоштад во Куманово.

Мисајловски и Петрушевски најавија вложување во културата и еколошки проекти во Куманово

Мисајловски и Петрушевски најавија вложување во културата и еколошки проекти во Куманово

Носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2, Владо Мисајловски, денеска оствари средба со граѓаните во Соколанскиот парк, при што на прес конференција најави одделување од акцизата за вложување во културата.

Твоја партија ја претстави изборната програма во Куманово

Твоја партија ја претстави изборната програма во Куманово

Кандидатите за пратеници во Изборната единица 2, Трпе Стојановски и Емилија Кукуњавска од новоформираната пратија Твоја, денеска во Куманово ја претставија својата програма „Можеме поинаку, мораме одговорно“, со која на 15 јули ја бараат поддршката на граѓаните.