Почувствуван нов земјотрес во земјава, епицентарот повторно во Драч Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, денеска регистрирaше земјотрес, чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, од подрачјето на Драч на растојание 170 km југозападно од Скопје.
Повреден градежен работник од кумановско Во полицијата вчера во 9.40 часот, било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен работник од кумановско.
Вонредна седница на Советот на Општина Куманово за помош на настраданите во Драч Советот на Општина Куманово, утре ќе одржи вонредна седница, на која ќе расправа за исплата на парични средства од Буџетот на Општина Куманово со намена - хуманитарна помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Општина Драч - Република Албанија.
Куманово ќе собира помош за погодените од земјотресот во Драч Куманово се приклучува со хуманитарна акција, за помош на погодените од земјотресот во Драч.
Камион со 25 мигранти излетал од патот На регионалниот пат Свети Николе - Куманово, утринава во 6.45 часот, во близина на с.Градиште, товарно возило „фолксваген“ со бугарски национални ознаки, излетало од коловозот, по што возачот го напуштил местото.
Голем дефект на водоводната мрежа на „Илинденска“ Екипа на ЈП „Водовод“ од вчера работат на отстранување на дефектот на водоводната мрежа на ул. „Илинденска“, во центарот на Куманово.
Трибина „Нема оправдување - Заедно против насилство врз жени и девојчиња“ Форумот на жени на СДСМ Куманово, утре (четврток) во 19 часот, во Занатскиот дом, организира трибина под наслов „Нема оправдување - Заедно против насилство врз жени и девојчиња“.
Промоција на книгата „Радио“ од новинарот Љупчо Јолевски Во Уметничката галерија во Куманово, утре во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Радио“ од новинарот Љупчо Јолевски.
Се запали БМВ на автопатот кај Агино Село На автопатот Скопје - Куманово, во близина на Агино Село, попладнево околу 16 часот се запалил автомобил БМВ со скопски регистерски таблички.
Владата донесе одлука за парична помош за Албанија, Црвениот крст отвори сметка за донации Владата на денешната седница донесе одлука да се издвојат 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија.
Градоначалникот даде отчет за двегодишното работење Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, задоволен е од реализацијата на проектите во изминатите две години од неговото владеење, но вели дека се' уште недостасуваат капиталните проекти, меѓу кои и во делот на водоснабдувањето како и решавањето на градската депонија.
Изложба на шарпланинци во Куманово Во Куманово по првпат, викендов, се одржа меморијална специјализирана кинолошка изложба за расата шарпланинец, во организација на кинолошкото друштво "Тумбак", а во чест на покојниот судија Владимир Крстевски.
Промоција на документарен филм за тамбурашката легенда Драгомир Шојиќ Во Младинскиот културен центар „Козјак“ утре (среда) во 20 часот, ќе се промовира документарен филм за легендата на тамбурашката музика Драгомир Шојиќ - Шојка. Филмот е во режија на Ратомир Цениќ и Небојша Илиевски, а по сценарио на Далибор Шојиќ.
Земјотрес во Албанија почувствуван и во Куманово Граѓаните на Куманово, Скопје, Тетово, Дебар, Гостивар, Битола, Охрид, Кичево утринава ги разбуди силен земјотрес.
Бензинот поскапува, дизелот со намалена цена Од вечерва на полноќ бензините ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе се точат по повисоки цени за 0,5 ден/лит. Нивната цена ќе биде 68.50, односно 70.50 денари.
МТСП: До крајот на годината ќе отвориме 10 сервиси за жртви од родово базирано насилство До крајот на годината ќе имаме вкупно 10 специјализирани сервиси за жртви од родово базирано насилство во 6 плански региони на територијата на Скопје, Куманово, Тетово, Штип, Кавадарци, Битола Прилеп и овој во Велес, најави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска при посетата на новиот Центар за жртви на семејно насилство во Велес.