Без лиценца вршел превоз на дрва СВР Куманово поднесе кривична пријва против Г.С.(20) од с.Гошинце, Општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
Без вода дел од градот, на две места пукнала главната цевка На улицата „Доне Божинов“, на две места на растојание од 500 метри, пукнала главната водоводна цевка Ф/300, поради што голем дел од градот од сабајле остана без вода.
Убавината на Старо Куманово како занаетчиски град исполнет со слога и другарство Куманово во минатото, како што покажуваат податоците бил релативно сиромашен град кој опстојувал од земјоделство и занаетчиство, но бил град на слога и другарство каде се славело кога некој занаетчија ќе заработел повеќе пари, па сите заедно се собирале во неговиот дуќан за да прослават.
Kокаин пронајден кај кумановец Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Ј. (32) од Куманово, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Општината со аеросолизација се обидува да го намали загадувањето на воздухот Екипи од ЈП „Чистота и зеленило“, со аеросолизација во централното градско подрачје, попладнево се обидуваат да го намалат загадувањето на воздухот во градот.
Се садат дрвца на „Гоце Делчев“ и „Трета МУБ“ ЈП „Чистота и зеленило“ ќе засади 200 нови садници во центарот на градот. Акцијата ја почнаа вчера од улицата „Гоце Делчев“, а ќе продолжат на булеварот „Трета МУБ“, кон Зелениот пазар.
УЈП почна со исплата на парични средства по основ на МојДДВ Управата за јавни приходи (УЈП) започна со исплата на парични средства согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.
Кумановец повреден при експлозија на плинска боца Ф.Т.(28) од населбата Доброшане се здобил со сериозни повреди кога во неговиот дом експлодирала плинска боца.
Куманово вечерва најзагаден град Куманово вечерва е најзагаден град во државата. Според апликацијата „Мој воздух“ во 18 часот концентрацијата на ПМ 10 честичките во воздухот изнесуваше 468 мг/м3, а во 21 часот 339 мг/м3. Тоа е за 9 односно 7 пати над дозволената граница 50 микрограми на еден метар кубен.
Млади музичари од Крива Паланка најдобри на фестивалот „Утринска ѕвезда“ во Банско Учениците од Основното училиште „Јоаким Крчовски“од Крива Паланка, освоија прва награда на Меѓународен фестивал на уметноста „Утринска ѕвезда“, што се одржа викендов во Банско, Република Бугарија.
Димитриевска и Додевски се закитија со медали на Државното пингпонгарско првенство во Штип Ива Димитриевска и Милан Додевски, ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, членови на Пингпонгарскиот клуб „Рисови“ од Скопје, освоија две медали на 28-то Државно првенство во екипна конкуренција за јуниори, кое се одржа викендов во Штип.
„Имотот на агата“ премиерно во Кумановскиот театар Во Театар Куманово, утре во 20 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Имотот на агата“ работена според едночинката „Просидба“ од Чехов, а во режија на Марко Богдановски.
Без струја неколку населби и села Без напојување со електрична енергија денеска се неколку приградски населби и села во кумановско-липковскиот регион.
Без вода потрошувачите на четири улици Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе останат потрошувачите на 4 улици во градот.
Трошна куќа на „Илинденска“ опасност за граѓаните Стара и трошна куќа, која се наоѓа на улицата Илинденска, спроти зградата на „Комитет“ , секој момент може да падне.
Владата ги прифати барањата на „Марш за чист воздух“ Владата ги прифати барањата кои ги поставија организаторите на „Марш за чист воздух“, заради заедничко обединување на институциите и граѓанскиот сектор во исполнување на Планот за чист воздух.