×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна уредувањето на зелената површина покрај зградите на „Октомвриска“

    19.05.2020 11:13 | KumanovoNews

     Градежна механизација утринава започна со расчистување на шутот и земјата покрај зградите на локалитетот „Водовод“, на чие место е планирано да се уреди парк. Се работи за простор покрај самата река Кумановка, кој со години е запуштен и нема никаква функција. 

    Започна уредувањето на зелената површина покрај зградите на „Октомвриска“

    „ По изнесување на шутот ќе биде донесена нова земја, која ќе биде оплеменета и озеленета со нови садница и тревна површина. Се надевам дека таквиот тренд во градот ќе продолжи, бидејќи целта е да создадеме нови површини во градот и постоечките да ги реновираме и доуредиме. Тоа го работиме дел со сопствени сили, а дел е донација од приватен партнер и со ЈП „Чистота и зеленило“, за да се разубави тој дел од градот„ , - изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Тој додава дека во следната фаза паркот ќе се уреди со патеки и ќе се осветли, за да можат граѓаните да го користат во секој период од денот. За таа намена треба да се предвидат дополнителни средства.