Даниел Стојчевски ќе се кандидира за претседател на СДСМ Куманово Даниел Стојчевски, првиот соработник на градоначалникот Максим Димитриевски, објави дека ќе се кандидира за претседател на општинската организација на СДСМ Куманово.
Намалена видливост поради магла на Страцин Сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози.
Комеморативна седница за новинарот Столе Божиновски Регионалниот центар на Здружението на новинари од Куманово утре во 11.30 часот ќе одржи комеморативна седница за новинарот Столе Божиновски.
Хигиеничар нападнал директор на основно училиште Поранешен хигиеничар во основно училиште натепал директор затоа што не сакал да го врати на работа.
Во Куманово наврна 19 литри дожд Во изминатото деноноќие на подрачјето на Куманово наврнаа 19 литри дожд на метар квадратен. Најмногу дожд наврна во Маврово 130, а најмалку во Битола 1 литар.
Кривични пријави за хакери на фејсбук профил Неколку кумановци го пробиле кодот и го преземале фејсбук профилот на нивен сограѓанин.
Поетесата Сања Атанасовска добитник на наградата „Караманов“ Поетесата Сања Атанасовска од Куманово е добитничка на традиционалната книжевна награда „Караманов“ за најдобра поетска книга за автори до 35 години, за поетскиот ракопис „Стаклена градина“.
Кривични пријави за две лица, за измама при продажба на автомобил Кривични пријави заработија две лица, откако измамиле тетовец при продажба на автомобил.
Почна трката за претседател на СДСМ Куманово Мартин Костовски и Горан Стојковски, се најсериозни кандидати бидејќи потврдија дека ќе се кандираат за местото претседател на општинската организација
Изложба на слики од Лесновската ликовна колонија Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ Куманово, утревечер ќе биде отворена 26 Лесновска ликовна колонија.
Дивоградби ја запреа регулацијата на Липковка Повеќе од еден месец запрени се градежните работи за регулација на реката Липковка во кумановската населба Средорек, поради дивоградбите, тесното корито и испустите на фекална и атмосферска канализација.
Амбасадорот Жбогар во посета на општина Куманово Евроамабасадорот Самуел Жбогар, беше денеска во посета на општина Куманово.
Кумановската касарна остана без парно греење Кумановската касарна „Боро Менков“ останала без греење поради дефект на централниот систем за затоплување на објектите.
Момче од Куманово претепано во Скопје Во сабота околу 21.30 часот на ул. „Методија Андонов-Ченто“ во Скопје неколку лица претепале 16 годишно момче.
Ќе се реконструира патот до граничниот премин Пелинце За 4 месеци ќе заврши реконструкција на регионален пат Р1207, Младо Нагоричане - граница Пелинце, во должина од 19 километри.