Кај уапсените кумановци најдени 800 грама експлозив Четири пакувања со по 200 грама ТНТ експлозив, синоќа бил пронајден при претрес на три локации во Куманово, кој полицијата го изврши постапувајќи по оперативни сознанија за недозволено поседување на оружје.
Земјоделците учеа како да ги заштитат посевите од штетници Кумановските земјоделци денеска следеа обука на тема „Болести и штетници кај пченици и јачмен“, организирана од Министерството за земјоделство, Фитосанитарна управа и Агенција за храна и ветеринарство.
Ветераните ќе пошумуваат кај Менкова колиба Членови на Здружението на армиски и полициски ветерани, во мај ќе организираат работна акција за пошумување во месноста Менкова колиба.
Отворена изложбата на карикатури “Снаа и свекрва“ Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, синоќа беше отворена изложбата на карикатури “Снаа и свекрва“.
Се одбележува Европската недела на имунизација Мобилни екипи од Здравствен дом и Центарот за јавно здравје Куманово, деновиве на терен ги вакцинираат децата во липковскиот крај и на територија на општина Старо Нагоричане.
Уапсен ветеран на ОНА и полициски инспектор во Куманово Во голема полициска акција во Куманово, синоќа биле уапсени три лица, меѓу кои и еден ветеран на ОВК.
Французи во посета на Кокино Француски ученици и професори, дојдени на размена во Гимназијата “Гоце Делчев“ вчера ја посетија опсерваторијата Кокино.
Пензионерите организираат пролетен крос Здружението на пензионери Куманово утре во Соколански парк, организира традиционален пролетен крос.
Промовирана „Античката филозофија и нејзиното влијание“ Во Грдската библиотека “Тане Георгиевски“ денеска беше промовирана едицијата „Античката филозофија и нејзиното влијание“, од авторот Витомир Митевски.
Три лица повредени во сообраќајка кај Бедиње Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што утринава се случи на регионалниот пат Куманово-Липково во населбата Бедиње.
Отворена работилница за изработка на носии Во Општина Старо Нагоричана отворена е работилница за изработка на носии и изработка на сувенири.
Отворен саем на книга во библиотеката Во Грдската библиотека “Тане Георгиевски“ денеска е отворен саем на книгата, во рамки на кампањата “Да“ за книга, која ја организира издавачката книга “Матица Македонска“.
Во расадникот на “Шумско“ произведена семенска пауловнија Во расадникот на „Шумско стопанство“ Куманово, лани е произведена семенска пауловнија, која ќе биде дистрибуирана во други расадници во земјава каде и одговара климата.
Крводарителска акција во „Перо Наков“ Во средното училиште „Перо Наков“ утре ќе се одржи крводарителска акција, информираат од Црвен Крст Куманово.
Панихида за стогодишнината од смртта на Јане Сандански Во соборниот храм “Свети Никола“ во Куманово, денеска митрополитот Кумановско-осоговски Јосиф служеше заупокоена литургија и панихида за Јане Сандански.
Воведено електронско плаќање на радиодифузна такса Отсега граѓаните ќе можат електронски да ја платат радиодифузната такса преку онлајн услуга на Управата за јавни приходи, е-радиодифузна такса.