×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе нема пречек на Нова година на Градскиот плоштад

    15.12.2015 11:16 | KumanovoNews

    По осум години се прекинува традицијата за пречек на Нова година на градскиот плоштад во Куманово.

    Ќе нема пречек на Нова година на Градскиот плоштад

    Општината одлучи годинава да нема организирана прослава и огномет на највеселата ноќ во годината, поради финансиските проблеми и според нивна проценка слабата посетеност.

    Има повеќе причини, една од нив се финансиите, а другата посетеноста. На плоштадот повеќето од граѓаните се собираат околу 23.30 а околу 0.15 часот си заминуваа. Обично знaете дека музичките групи кои доаѓаат за Нова година имаат повисока цена во однос на другите денови. Граѓаните кажуваат дека треба да се збогати новогодишната програма, така што оваа година одлучивме да направиме нов концепт - изјави Цоки Ристовски, Сектор за култура и спорт во Општина Куманово.

     Наместо вечерен мега концерт како предходните години, овојпат на градскиот плоштад ќе има дневен хепенинг на 30 декември.

    Во 11 часот ќе дојде Дедо Мраз да донесе подароци на најмалите, во вториот дел е предвидено да имаме неколку кумановски групи кои исполнуваат народна музика, во третиот дел неколку забавни групи и на крајот ќе бидат рок бендови за помладата популација, - додаде Ристовски.

    За новогодишниот хепенинг општината ќе издвои од 100.000 до 120.000 денари.

    Организираната прослава започна пред 8 години, а на концертите пееја Северина, Даниела Мартиновиќ, Петар Грашо, Регина, Нокаут, Владо Јанвески, Тајзи и други.