Детоил ја купи “ФЗЦ“ Кумановската фирма “Квалитет пром“, стана сопственик на контролниот пакет на акции во фабриката за заварени цевки и профили ФЗЦ “11 Октомври“, дознава неофицијално “Куманово њус“.
Одбележување на Светскиот ден на театарот Театар Куманово утре во 20 часот, ќе го одбележи 27 март - Светскиот ден на театарот.
Парични награди за најдобрите математичари Основците и средношколците кои освоиле прво, второ и трето место на меѓународен натпревар по математика во учебната 2014/2015 година, можат до 30 јуни годинава да аплицираат за парични награди во Министерството за образование и наука.
“Кумановски акцијаши„ ќе чистат на повеќе локации во градот По повод 1 април- Денот на работните акции, “Кумановски акцијаши“ ќе почнат со акции за чистење на повеќе локации во градот.
Награда за претставата “Различното, не е погрешно“ Претставата “Различното, не е погрешно“, која ја играат учениците од Гимназија “Гоце Делчев“, пред два дена доби награда за најдобра претстава на Франкофонскиот театар во Скопје.
Невработените нема да се пререгистрираат за сини картони Невработените што имаат континуирано здравствено осигурување и во текот на 2014 година извршиле регистрација во Фондот за здравствено осигурување, од први април годинава не треба да носат документи во подрачните служби, за нова пререгистрација.
Со балансирана исхрана до квалитетен живот Здружението на дијабетичари Куманово, денеска за своите членови одржа предавање на тема “Шеќерна болест, правилна исхрана и физичка активност“.
Наградени ученички есеи на француски јазик Ученички од средното училиште “Перо Наков“ освоија второ и четврто место на регионален натпревар за есеи на француски јазик.
Ќе се бира најдобра училишна веб страна Сите основни и средни училишта од државата до 31 мај годинава, можат да се пријават на конкурсот за избор на најдобра веб страна, кој го објави Министерството за образование и наука.
Во Нагоричане одбележани 16 години од бомбардирањето на Југославија Пред црквата “Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, вчера се одржа комеморативен собир за загинатите во бомбардирањето на Југославија, кое се случи пред 16 години.
Се очекуваат обилни врнежи од дожд Обилни врнежи од дожд до 20 литри на метар квадратен се очекува да наврнат денеска, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.
Крводарителска акција во албанските паралелки во “Наце Буѓони“ Учениците Албанци, од Техничкото училиште “Наце Буѓони“, утре ќе даруваат крв. Акцијата ќе се одржи од 13 до 17 часот.
Изложба на графики на Момчило Аврамовски Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена изложба со најновите графики на академскиот сликар Момчило Аврамовски.
Се шири гасоводната мрежа на “Октомвриска“ Продолжува изградбата на гасоводната мрежа на улицата “Октомвриска револуција“.
СВР: Ги отфрламе обвинувањата за селективна контрола Од Кумановската полиција ги отфрлаат обвинувањата за селективна контрола, и објавија дека во денешната акција биле опфатени 42 автобуси кои превезуваат ученици и 30 такси возила.
Србите одбележаа 16 години од бомбардирањето на Југославија Претставници на Српската заедница во Македонија, денеска во црквата “Света Троица“ запалија свеќи за помен на луѓето кои загинаа во бомбардирањето на Југославија пред 16 години.