“Перо Наков“ и “Кочо Рацин“ во трката за најдобра веб страна
Средното училиште “Перо Наков“ и основното училиште “Кочо Рацин“ се пријавиле на конкурсот на Министерството за образование и наука, за избор на најдобра училишна веб страна.

Заедно со другите пријавени училишта ќе бидат повикани на јавен настан, каде ќе ги презентираат своите веб страници и ќе биде избран победникот.
Тим од професори по информатика, помошник и ученици од сите години работат на сајтот. Сајтот се ажурира редовно со информации од нашите активности, промовирање на училиштето и струките, подигање на рејтингот на училиштето - рече Лидија Тасевска, директорка на „Перо Наков“.
Од “Коцо Рацин“ велат дека на иницијатива на училиштето, а под раководство на професорката по информатика Лидија Поповска се пријавиле за учество на конкурсот.
Ни се јавија од МОН дека сме влезени во потесен круг. Во понеделник ќе имаме презентација и стручна комисија ќе одлучи кој ќе победи. Се доделуваат награди смарт табла, благодарници, дипломи - кажа Лидија Пешевска, директорка на “Кочо Рацин“.
Презентации ќе имаат 10 средни и 7 основни училишта од повеќе градови.