Центарот за социјални услуги во Нагоричане наврши две години
Центарот за социјални услуги во општина Старо Нагоричане навршува две години од отварањето.

Се работи за Центар кој е отворен со помош на општината и ГИЗ РЕД. По повод две години работа, во Скопје беше презентирана две годишната активност на Центарот за социјални услуги Старо Нагоричане.
Проектот завршува, а Центарот ќе продолжи да работи и понатаму. Имаме добра посетеност. Граѓаните доаѓаат, прашуваат најчесто за паричните плаќања, имаат прашања, барања и предност е тоа што имаат информации во местото каде што живеат - велат од Центарот за социјални услуги.
Во рамки на истиот проект со ГИЗ РЕД беа отворени 4 вакви Центри ширум државата, а еден е во општина Старо Нагоричане.