Жените од ВМРО-ДПМНЕ однесоа помош во семејството Скендеровски Храна, обувки и облека однесоа членките на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово на семејството Скендеровски, кое пред два дена остана на улица откако им изгоре куќа во голем пожар.
Стојковски: Општината Старо Нагоричене не памети ваква поплава Нема село по течението на реката Пчиња во општината Старо Нагоричене, кое не е зафатено од големите поплави.
Вооружени разбојници украле 1500 евра од обложувалницата „Моцарт„ Две маскирани и вооружени лица вчера ја ограбиле обложувалницата „Моцарт„ на улицата Илинденска во Куманово.
ЕКСКЛУЗИВНО: Тодоров во ненајавена полноќна посета на кумановската болница Mинистерот за здравство Никола Тодоров со членови од неговиот кабинет по полноќ, ненајавено ја посетиле Општата болница во Куманово.
Крстевски:Агенцијата нема доставено списоци за заменските наставници Од Секторот за образование во Општина Куманово негираат дека вчера во училиштата пристигнале околу 70 проценти од заменските наставници, кои треба да почнат со работа во училиштата на местата на оние кои штрајкуваат.
Паркот во Меморијалниот центар АСНОМ плива во вода Паркот во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце е преполн со вода, која се излеа од надојдената река Пчиња.
Единаесетчлено семејство остана без покрив на главата Во пожарот, кој избувнал утринава, изгоре кат од куќата на 11 - членото семејство Скендеровски во населбата Средорек.
Евакуирани луѓе од Јачинце, Стрновац и Коинце Специјалци од МВР и пожарната единица од Куманово синоќа евакуирале двајца старци од село Јачинце, а денеска пожарната екипа од Старо Нагоричане евакуирала семејство од селото Коинце.
Поплавени ниви и викендици во Шупли Камен, Пчиња и Студена Бара Поплавено е земјоделско земјиште во селата Шупли Камен, Пчиња и Студена Бара, потврдуваат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Се излејаа Пчиња и Крива Река Попладнево се излеја реката Пчиња кај Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце, а Крива Река поплави ниви во селата Клечовце, Јачинце и Довезенце.
Отворено писмо до граѓаните од вработените во „Крсте Мисирков“ Со оглед на случувањата поврзани со штрајкот на просветните работници изминатите денови, ние вработените во ООУ „Крсте Мисирков “- Куманово, упатуваме јавно писмо до сите граѓани на Република Македонија, со цел да ги разјасниме причините за штрајкот во образованието кој е поддржан од сите вработени во нашето училиште.
Лифтови за инвалиди во “Толи Зордумис“ и “Бајрам Шабани“ Во основните училишта “Толи Зорумдис“ и “Бајрам Шабани“, деновиве ќе бидат пуштени во употреба лифтови за инвалиди, рампи и тоалети.
Жителите на “Пелинска“ бараат асфалт Улицата “Пелинска“, која се наоѓа во центарот на градот, не е асфалтирана.
Изгоре продавница за мобилни телефони Во голем пожар завчера попладне изгоре дуќан за поправка на мобилни телефони на улица “Христијан Карпош“ во Куманово.