Предавање за дијабетичари во Општа болница Куманово
29.09.2015 10:31
| KumanovoNews
Во Општа болница Куманово утре во 12 часот ќе се одржи предавање за дијабетичари.

Предавањето го организира Здружението на дијабетичари од Куманово. Присутните ќе слушаат предавање на тема „Болести на големите крвни садови кај дијабетисот“.
Предавачот доктор Ладислава И.Крстиќ-Милосављевиќ, специјалист по интерна медицина во подрумските простории на сината зграда - амбуланти при Општа болница Куманово ќе ги едуцира граѓаните и за покачениот крвен притисок, коронарните болести и мозочните крварења.