Стотина барања за проценка на штети во Старо Нагоричане
30.09.2015 13:17
| KumanovoNews
Во општина Старо Нагоричане досега се поднесени стотина барања за проценка на штети од невремeто проследено со град.

Најголем дел од барањата се за оштетен род по нивите и оштетувања на куќи, а ги поднеле жители на селата Младо Нагоричане, Стрезовце, Облавце, Војник, Макреш и Канарево.
Повеќето се за уништениот род на земјоделските површини. Има оштетени ролетни, возила, клима уреди и слично. Барања ќе се примаат се до петок до 16 часот - велат од општина Старо Нагоричане.
По истекот на рокот, комисијата за проценка на штети ќе излезе на терен и ќе подготви извештај за штетите од невремето.