Социјал -демократската младина денеска на прес-конференција ја обвини Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ , дека неосновано го оцрнува градоначалникот Зоран Дамјановски, а при тоа го прикрива најгорливиот проблем иселувањето на младите...
Жителите на село Режановце на изведувачот “Вибе“ кој ја гради пругата кон Бугарија, му даваат рок до среда да одговори дали ќе го поправи патот оштетен од движењето на камиони.
Организацијата на резервни официри утре организира марш од село Драгоманце до опсерваторијата Кокино, при што ќе биде посетен и Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
Учениците од медицинската струка од средното училиште “Наце Буѓони“ денеска ја посетија Општа болница Куманово и Здравствен дом Куманово, за да се запознаат со работните задачи на здравствените работници.
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре во 11 часот, ќе започне третата едукативна работилница од проектот “е-ангажман“ организирана од страна на Младински сојуз Крушево со поддршка на фондацијата е‐ Македонија.
23 септември 2015 година (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур е неработен ден за граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија.
Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, денеска на прес-конференција го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека само ветува, а ништо не исполнува.
Е.П.(31) од Албанија утрово во 3.15 часот се здобила со сериозни повреди откако со автомобил удрила во бетонска куќарка на железнички премин, по што автомобилот се одбил и удрил во светлосен сигнален...