За два дена укажана помош на над 300 бегалци
17.09.2015 09:06
| KumanovoNews
Мобилните тимови на Црвен Крст, на 14 и 15 септември укажале помош на 336 бегалци на Табановце.

Ангажирани се волонтери и медицинска екипа за укажување на помош на мигрантите.
Имаме волонтери во три смени од Куманово и од Скопје, плус лекар и помошник. Некои од бегалците имаат лесни повреди, некои се со настинки, а за една недела девет бегалци беа пренесени во болница - рече Иле Митковски, секретар на Црвен Крст Куманово.
За овие два дена испорачани се 280 шишиња вода, 28 пакети со храна, 53 пакетчиња бисквити, 19 кебиња, 19 пакети со хигиена и 64 бебешки пелени.