Жена со кола удрила во железнички столб
17.09.2015 09:04
| KumanovoNews
Е.П.(31) од Албанија утрово во 3.15 часот се здобила со сериозни повреди откако со автомобил удрила во бетонска куќарка на железнички премин, по што автомобилот се одбил и удрил во светлосен сигнален уред.

Албанската државјанка со автомобил „Форд“ се движела од Лојане кон Куманово, при што кај железничкиот премин во село Ваксинце изгубила контрола над возилото и удрила во бетонска куќарка, а потоа возилото се одбило и удрило во светлосен сигнален уред.
Повредената е пренесена во Општа болница Куманово, а оттука поради сериозноста на повредите е префрлена на скопските клиники.