Мени

Адриана Лима повторно е бремена

21.03.2012 10:51 | KumanovoNews

Ангелот на „Викторија Сикрет“, Адриана Лима и Марко Јариќ го очекуваат второто дете. Тие веќе ја имаат двегодишната ќерка Валентина, која најмногу се радува на приновата, објави магазинот „Пипл“.

Адриана Лима повторно е бремена

По Лили Олдриџ и Алесандра Амбросио, кои кон крајот на минатата година објавија дека се бремени, Адриана ќе биде третиот ангел на „Викторија Сикрет“ кој оваа година очекува новороденче.

Адриана и Марко се запознаа на една забава во Лос Анџелес во 2006 година, а се венчаа во 2009 година.