×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бане Крстиќ: Горд сум на Кој те има, тој те нема

    01.09.2011 09:36 | KumanovoNews

     Бане Крстиќ, фронтмен на новосадската група Гарави Сокак, и автор на мега хитот "Кој те има тој те нема", одржа концерт на Градскиот плоштад во Куманово на годинешниов тамбурашки фестивал.

    Бане Крстиќ: Горд сум на Кој те има, тој те нема

    Прв пат настапија пред кумановската публика, и ги отпеја хитовите што ги компонирал во последните 20 години. Тој смета дека тамбурашката музика ги отвара срцата на сите луѓе, од младите до позрелите и старата публика, бидејќи произлегува од културното наследство на овие простори, а представува и наша иднина.

    Покрај Звонко Богдан песната "Кој те има тој те нема" ја отпеја и Драган Којиќ-Кеба. Која изведба повеќе ви се допаѓа?

    Мене не ми смета ниту една од варијантите. Мислам дека ако народот ја прифаќа и ако таа песна отвара врата на пошироката публика, и затоа секој допринос за нејзина популаризација е по мене добар.Таа песна и токму поради таквите луѓе како што е Звонко Богдан, Кеба и "Гарави сокак", ама и многу други анонимни луѓе и музичари кои што ја пејат насекаде во светот каде што се разбира овој текст. Тоа е она на што сум горд. Јас кога ја пишував песната не знаев дека ќе предизвика таква реакција и дека ќе има таков живот, ама таа со тоа стана општо добро и тоа е целата на сите автори, да напишеме песна која на луѓето ќе им значи. Мене инспирација ми беше она што го гледав околу себе и она што го имав во сопственото срце. Сметам дека по оваа песна сум препознатлив, ама бидејќи Звонко Богдан направи таа да биде многу популарна и голем хит, сметам дека "Гарави сокак" останува како и сите други бендови на овој свет на првата песна со која се запознавме а тоа е "Скелеџијо" и "Течи течи Дунаве".

    Дали досега сте имале соработка со некој македонски пејач или композитор?

    -За жал досега не сигнав да направам таква соработка. Јас сум малку старомоден и можеби малку спор, или малку смотан човек, па се задоволувам со тоа што го работам за "Гарави сокак" и се концентрирам на тоа да го презентирам на концертите, но не е исклучено, отворен сум за соработка. Македонската изворна музика слушам. Одамна научив дека ова поднебје носи во себе голема музикалност. Овде темпераментот е многу јак, овде крвта е топла и токму поради тоа овде така се сака, така се пее и игра. Нема да верувате ама во нашето долгогодишно постоиење само еднаш имаме пеено во Скопје и тоа пред четири години на една културна манифестација во Филхармонијата. Ние би сакале да сме поприсутни пред македонската публика и со задоволство ќе одговориме на секој повик.

    Како гледате на напливот на турбо-фолк музиката на балканските простори?

    -За силна култура треба одлучна политика. Тоа за жал не е во нашите раце, тоа не е во рацете на музичарите. Каква ќе биде културата зависи од тоа дали државата има пари и дали сака да ги насочи да ја зачува културата и да го обликува својот културен имиџ.