Мени

Бијонсе најубава жена во 2012

26.04.2012 08:22 | KumanovoNews

 Списанието People, кое минатата година оваа титула ѝ ја додели на Џенифер Лопез, годинава одлучи да ја удостои  пејачката, која неодамна стана мајка.

Бијонсе најубава жена во 2012

Бијонсе ја презеде титулата најубава жена на светот. Списанието People, кое минатата година оваа титула ѝ ја додели на Џенифер Лопез, годинава одлучи со признанието да ја удостои 30-годишната пејачка која неодамна стана мајка.

Новата најубава жена на светот, а воедно и добитничка на 16 Греми награди открива дека најубавото нешто во тоа да имаш ќерка, е што имаш вистинско наследство.

"Зборот љубов сега има сосема поинакво значење“ - изјавува Бијонсе.