Мени

Бред и Анџелина во кавга поради Џенифер Анистон

28.04.2012 10:33 | KumanovoNews

Извори блиски на двојката изјавија дека Анџелина Џоли сака да ги покани своите поранешни сопрузи на венчавката, па Бред Пит одлучи да возврати со иста мера.

Бред и Анџелина во кавга поради Џенифер Анистон

Најпознатата холивудска двојка неодамна реши да се венчаат, но се чини дека никако неможат да се согласат околу тоа кого ќе поканат на венчавката.

Имено, Анџелина сака да ги покани своите поранешни сопрузи Били Боб Тортон и Џони Лиј Милер, па Бред поради тоа реши да ја покани и својата поранешна сопруга Џенифер Анистон.

Бред мисли дека тоа е знак на непочитување спрема него и направи свој контранапад во кој побара на венчавката да дојде и Џенифер Анистон. Тука беше и крајот на расправата помеѓу Анџелина и Бред, откри неименуваниот извор.

Но, Џенифер изјави дека несака да присуствува на венчавката. Таа изјави дека и е доста од тоа постојано да ја прашуваат за Бред и дека сака да се оттргне од сето тоа.