02. 09. 2010 14:32

Бучко ja запеjа „Иванова корита„

Бучко ja запеjа „Иванова корита„

Поранешниот премиер Владо Бучковски беше еден од највеселите гости на концертот на Мерима Његомир на Тамбурашкиот фестивал што минатиот викенд се одржа во Куманово.

Тој со сопругата уживаше во музиката, а посебно се расположи и запеја на песната „Иванова корита“. Во веселото сдсмовско друштво беа и Гордан Георгиев, Андреј Петров, Ана Павлова-Данева, а на гостите од Скопје друштво им правеа кумановските колеги.

Градоначалникот Зоран Дамјановски таа вечер беше задолжени за гостите од Кампина и како добар домаќин се грижеше се да биде во најдобар ред.

Предходната вечер на концертот на групата Легенде во публиката можеа да се видат повеќе познати лица од македонската естрада. Фолк пејачот Наум Петревски, дошол специјално да го гледа настапот на своите колеги од Белград и со нив отпеа една песна. Во публиката беше и поп-пејачот Дуле, кој таа вечер имаше настап во „Клуб„, и новинарката Виолета Хаџи-Скерлева.

Веселата атмосфера од концертите продолжила во рестораните Баба Цана и Пелинце до раните утрински часови.

Бучко ja запеjа „Иванова корита„

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk