02. 03. 2010 11:51

Чорба со концерт во Скопје

Чорба со концерт во Скопје

Бора Ѓорѓевиќ и неговата Рибља Чорба, во полн состав на 11 март ќе гостува во клубот „Колосеум“ во Скопје. Концертот е посветен на три децениското постоење на групата балканската музичка сцена, како една од најуспешните рок групи.

Групата е формирана во 1978 година во Белград кога Бора Ѓорѓевиќ по разделувањето со групите „Рани мраз“ и „Сунцокрет“ одлучува да оформи група со малку потврд рокенрол звук и ја формира „Рибља Чорба“. Првиот сингл „Лутка са насловне стране“, станува рок евергрин кој им ја донесе популарноста што не ја очекуваа. Досега имаат издадено 18 албуми и продадено преку 2 милиони примероци со што сеуште се на врвот на југословенската музичка сцена.„Рибља чорба“ ќе остане запаметена и по бројните хитови коишто опстојуваат и денеска  како „Авиону сломиќу ти крила“, „Рокенрол за куќни савет“, „Волим, волим жене“, „Неќу да испаднем животиња“, „Правила, Правила“, „Како је лепо бити глуп“, „Добро јутро“, „Немој да идеш мојом улицом“, „Амстердам“, „Члан мафије“, „Када падне ноќ“, „Кад сам био млад“, „Прича о Џиги Бау“, „Црно бели свет“, „Љубав овде више не станује“, „Последња песма о теби“ и многу други. Чорба мината година двапати гостуваше во клубовите во Куманово и направи одлична журка.

А.Илиќ

Чорба со концерт во Скопје

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk