23. 07. 2010 15:41

„Црвена јабука„ по 20 години одржа концерт во Куманово

„Црвена јабука„ по 20 години одржа концерт во Куманово

 Над две илјади кумановци присуствуваа на концертот на легендарната рок група „Црвена Јабука„. Во преполниот локалитет „Касапски круг„ синоќа публиката два и пол часа, заедно со Жера и останатите од бендот ги пееја старите и нови хитови.

Првите ритмови на „Бјежи кишо с’прозора“, „Дирли дирли дирлија“ беа доволни да ја загреат атмосферата. Со секоја нова песна стануваше се пожешко, а публиката хорски ги отпејаа „Свиѓа ми се ова ствар“, „Има нешто од срца до срца“,„То ми ради“, „Туго несреќо“,„Некако с пролеќа“ и новата „Џез ба, џез ба“ и не престана да игра цела вечер.

Најголем дел од публиката беа млади,кои наизуст ги знаеја хитовите на „Црвена јабука“, а повозрасните уживаа во песните на нивната младост.

Дражен Жериќ - Жера, препознатлив по фризурата и стартките патики, пред почетокот на концертот ни изјави дека во Куманово не настапувал повеќе од 20 година.

Последен пат во Куманово сум бил далечната 1988 или 1989 година. Не се сеќавам точно. Знам дека свиревме во Спортската сала.Вечерва ќе направиме добар концерт што ќе остане во убаво сеќавање на публиката - изјави Жера.

И успеја во тоа. Откако еднаш ги врати на бис, публиката задоволна си замина дома.

Прекрасно! „Црвена јабука“ е моја омилена група. Пресреќен сум што по толку време дојдоа во Куманово. Уживав во старите хитово и музиката што ја обожавам. Одлично звучеше - вели еден од посетителите.

„Црвена јабука„ по 20 години одржа концерт во Куманово

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk