×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Црвена јабука„ за Нова година на плоштад

    09.12.2011 16:31 | KumanovoNews

    За Нова година на градскиот плоштад во Куманово ќе пее босанската група „Црвена јабука„. Настапот е  договорен за 15 000 евра. Ова е петта година по ред Општината да организира дочек на Нова година за своите граѓани.

    „Црвена јабука„ за Нова година на плоштад

    Изборот падна на популарната група „Црвена јабука„ и мислам дека е вистински. Очекуваме да привлече публика од сите генерации што на нас ни е најважно. Концертот ќе трае 2 часа, а ќе започна  во 23 часот. Предходно ќе пејат предгрупи од Куманово, а на полноќ ќе приредиме спектакуларен огномет за граѓаните. Останува само времето да ни се погоди и весело да влеземе во Новата година - вели Нино Величковски, директор на Фондација за култура и спорт.

    На плоштадот ќе бидат поставени и шанкови од неколку кафеани во градот, каде граѓаните што ќе се одлучија да прославуваат на отворено ќе можат да купат храна и пиење.

    Концертот го организира Секторот за култура, Фондацијата за култура и спорт, градоначалникот и Советот на Општината, која одвои сретства за таа намена.

    Во изминатите години на плоштадот во Куманово пееше Северина, Хари Мата Хари, Владо Јаневски и Наум Петревски и Зуица Лазова.