08. 03. 2010 16:14

„Д Харт Локер“ го засени Аватар

„Д Харт Локер“ го засени Аватар

Американската филмска академија по 82. пат ги додели наградите Оскар во преку 20 категории, а домаќини на церемонијата беа Стив Мартин и Алек Болдвин

 
Оскар за најдобар филм во изминатата година и припадна на нискобуџетната драма за војната во Ирак The Hurt Locker.
Оскар за најдобра режија доби Кетрин Бигелоу за The Hurt Locker.

Најдобра женска улога освои Сандра Булок за улогата во филмот Мртов агол. Булок доби оваа година и Златна малина - награда за најлоша женска улога за остварувањето во филмот Се за Стив.

Оскар за најдобра машка улога доби Џеф Бриџис за улогата на остарениот пејач во филмот Crazy Heart (Ludo srce).
Оскар за најдобра споредна женска улога доби Мо`Ник за улогата во филмот Precious.
Оскар за најдобра споредна улога му припадна на Кристоф Валц за остварувањето во филмот Проклетници.
Награда за остварување вон англиско говорно подрачје доби аргентинскиот филм El secreto de sus ojos.
За најдобар анимиран филм е прогласен Up.

„Д Харт Локер“ го засени Аватар

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk