Мени

Да се биде филмска ѕвезда е само фарса!

03.10.2011 13:57 | KumanovoNews

Еден од најдобрите Холивудски глумци, Антонио Бандерас смета дека да се бидне холивудска ѕвезда не е ништо посебно, освен обична фарса.

Да се биде филмска ѕвезда е само фарса!

Според актерот од Малага, сите актери не се принудени само да глумат на филмското платно, туку и во приватниот живот.

Кога ќе станете ѕвезда очекувате да сјаете засекогаш. Тоа не иде така, секоја ѕвезда кога тогаш згаснува - изјави Антонио.

Тој додаде дека сите очекуваат да биднат совршени и во топ форма што е невозможно, бидејки се работи за обични луѓе. За својата „нормалност“ и е благодарен на сопругата Мелани Грифит и нивните деца. Актерот тврди дека за тајната на успешниот брак се потребни љубов и толеранција.