×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Де Марбл„ наскоро со нова песна?

    13.01.2012 15:01 | KumanovoNews

    Кумановскиот рок бенд “Де Марбл”, некогашен “ВИП”, по десетина години интензивна работа размислува за свој прв сингл. Членовите на групата не прецизираат кога точно ќе ја снимат новата песна, бидејќи уште ги усогласуваат идеите.

    „Де Марбл„ наскоро со нова песна?

    „Размислуваме за песна, имаме идеи за реализација, но тоа се уште не е ништо конкретно. Едноставно, убаво ни вака, имаме свирки и не се замараме многу”- вели Драган Трајковски еден од основачите и вокал во бендот.

    „Де Марбл„ важи зе еден од најатрактивните и најбараните бендови во Куманово. Причината поради која освен преработената песна “Одам на југ”, која им го трасираше патот во музичките води, нема ниту една своја нумера ја објаснуваат со големата ангажираност околу настапите. Бендот е формиран 1989 година како резултат на дружење на членовите од средношколските денови, а на првиот јавен настап му претходеле многу свирки во кумановските гаражи.

    „Идеа за формирање на бендот добивме во средно, на екскурзија, во еден хотел, зедовме да свириме, пееме и си поминавме убаво, па рековме зошто да не пробаме и да настапуваме како бенд“- се сеќава Драган.

    Освен по кумановските клубови, „Де Марбл” гостува и во другите градови низ Македонија, најчесто во Скопје, но исто така и надвор од границите на државата. Минатата година го смениле името, мислејќи дека ќе имаат проблеми со оператотот „ВИП”, но и поубаво им звучело новото име „Де Марбл”.

    Е.Г.