10. 07. 2010 10:50

„Детелинка„ ги собра децата на Плоштад

„Детелинка„ ги собра децата на Плоштад

 По пет години пауза синоќа се одржа четвртиот фестивал за детски песни „Детелинка 2010„.На преполниот Градскиот плоштад дечињата и нивните родители уживаа во 22 песнички што ги отпејаа најмалите вокални изведувачи од градот.

 Дечињата пееја на македонски,албански,српски,ромски и влашки јазик, а една песничка имаше на кумановски дијалект.

На задоволство на детската публика оваа вечер времето е наша страна и имаме многу посетители.  Се се одвиваше според програмата и се  надевам дека сите ќе бидат задоволни, учесниците и граѓаните . На плоштадот има деца од сите етнички заедници што живеат во Куманово. Нашата идеја беше токму тоа, преку музиката да се дружиме и зближуваме ,бидејќи таа не познава граници -изјави Драган Грговски, уметнички директор на Фестивалот.

Фестивалот „Детелинка„ предизвиик за малите изведувачи на песничките кои се чувствуваа како вистински ѕвезди.

Имав подршка од моите другарчиња од одделението, од маалото, од родителите, кои се тука во публиката. Во моето одделение веќе ја научија песничката и сите ја пеевме пред мојот настап. Среќен сум што имав можност да настапувам вечерва -вели Милош Јовановиќ.

Фестивалот е од ревијален карактер и сите учесници се победници. Пред почетокот на фестивалот беше издадено ЦД со песничките.

  Организаторот на манифестацијата Мултимедијалниот центар ЛУК со подршка на локалната самоуправа. Потрошени се 230.000 денари од кои 150.000 денари на име хонорари за авторите на песните, а останатото е за техничкиот дел,  бината и осветлувањето.

„Детелинка„ ги собра децата на Плоштад

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk