×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (15.6.2020)

    15.06.2020 07:34 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (15.6.2020)

    Овен

    Сакате да работите затоа што во моментот фокусот за подобрување на сите аспекти во животот ви е работата. Со неа сакате да си го подобрите расположението, статусот, а воедно и да си решите семеен проблем.

    Се' уште не можете да направите промена на емотивното поле.

    Бик

    Во моментот се занимавате со работа која не може да ви донесе поголем прилив на средствата. Тоа ве прави нервозни, но не ви се сите луѓе околу вас виновни за истото.

    Правите добра стратегија за заведување.

    Близнаци

    Вие се занимавате со одлични теми кои ви носат дополнителна енергија. Затоа не насочувајте се кон ситници кои можат да ви го расипат денот.

    Денеска ќе почувствувате растеретување на љубовното поле.

    Рак

    Денеска може да забележите некој проблем кој подолго време постоел помеѓу вас, но не сте го гледале. Сепак, ќе помине за кратко време.

    Имате чувство дека вашиот партнер почнува да се однесува ладно.

    Лав

    Денеска ќе сакате да бидете во што е можно поголемо друштво, односно нема да сакате да бидете сами.

    Нема да имате особена потреба од вашиот партнер, ќе си бидете доволни сами на себе.

    Девица

    Се' уште не сте сосема на чисто со себе. Но сепак мора да го направите чекорот доколку сакате да мрднете од "мртва точка".

    На љубовното поле имате толку многу работи кои ви се "овозможуваат", па не знаете како да постапите.

    Вага

    Искористете ја позитивната енергија којашто ќе ве следи овој ден, за да ги придобиете луѓето на полесен начин. Во последно време оставете понегативен впечаток.

    Вашиот емотивен живот трпи поради вашата незаинтересираност и негативност.

    Шкорпија

    Моменталната поддршка којашто ја имате од вашата мајка или пријател ви делува негативно, затоа што сакате сами да си го донесете заклучокот.

    Доколку сте повеќе време со партнерот избегнете покомплицирани расправии, бидејќи денес ќе бидете особено лути.

    Стрелец

    На работата забележувате одредени проблеми, но знаете дека не сте доволно платени, па го занемарувате и она што го гледате.

    Повеќе се занимавате со себе отколку со партнерот.

    Јарец

    Без разлика дали сте расположени или не денес ќе треба да донесете некоја одлука којашто ќе се одрази на вашата иднина.

    Светот погледнете го малку и низ роеви очила, има и таму што да се види и тоа да не биде лажно.

    Водолија

    Вие сте шармантен знак кој знае како и кога со луѓето. Без разлика дали сте расположени или не, вие тоа знаете вешто да го сокриете.

    Вашиот љубовен живот трпи поради вашата презафатеност со удоволувањето на другите. Кога ќе и' удоволите на љубовта?

    Риби

    Ако се најдете во ситуација во која треба да донесете некоја одлука, тогаш избегнете го тоа, затоа што денеска нема да бидете одлучни.

    Вашиот љубовен живот голем дел е она што сте вие, затоа пред да покажете со прст во другиот, најпрво вперете го во себе.